Почетна » Новости » Животни стории » Мала херојка: Бебенце од Куманово родено со само 845 грама одлично напредува на Детската клиника

Мала херојка: Бебенце од Куманово родено со само 845 грама одлично напредува на Детската клиника

Eдно мало бебенце три месеци води огромна битка за живот на Детската клиника во Скопје и херојски се движи кон победа.

Девојче од Куманово, кое било родено во 25-тата гестациска недела, дошло на свет со само 845 килограми. Благодарение на огромната грижа и посветеноста на медицинскиот персонал, решителната херојка сега има нешто повеќе од 1.500 килограми и како што пишуваат од Клиниката, „се подготвува да се сретне со мама на одделението за Неонатологија“.

„Станува збор за бебе со многу мала родилна тежина и со многу очекувани здравствени предизвици. Ова не е најмалото бебе за кое сме се грижеле, но е најмалото во последните неколку години. Кога го донесоа од Куманово имаше 845 грама, помина време на респиратор, па полека учеше да дише. Со гордост можам да кажам дека станува збор за едно посебно бебе, херој, жилаво, храбро, едноставно не се дава. Нејзиното име значи пролетен дожд, а за нас и за нејзиното семејство таа е секако симболично е пролет, нов живот, се буди и живее понатаму. Особено сум горда на тимот од интензивната нега кој се грижеше за бебето, секоја чест“ – вели директорката на Клиниката, проф. д-р Аспазија Софијанова.

Огромно браво за персоналот! Што поскоро да чуеме среќна вест за малата херојка да си оди конечно дома.

Девојче, родено со одвај 800 грама е вистински херој на одделението за Интензивна нега при Универзитетска Клиника за...

Posted by Detska Klinika on Monday, February 8, 2021

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11715 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.