Почетна » Новости » Животни стории » Мал борец: Бебенце родено со само 1,2 кг конечно е во прегратките на мама и си отиде дома во Кратово

Мал борец: Бебенце родено со само 1,2 кг конечно е во прегратките на мама и си отиде дома во Кратово

Бебенце, кое било предвремено родено на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје и тежело само 1,2 кг, сега конечно е во прегратките на мама и си отиде дома во Кратово.

Малиот Гордан се роди на 29 март оваа година во 29-тата недела од бременоста, па затоа месец и половина мораше да престојува на одделот за интензивна нега на ГАК.

Сето ова време, поради пандемијата со коронавирусот, неговите родители немаа можност да го видат и да го држат во прегратка. Сега, малиот борец тежи над 2 килограми и е во добра здравствена состојба.

Приказната за малиот херој Гордан ја сподели министерот Венко Филипче, кој напиша: „На 29 март оваа година на свет дојде Гордан, предвремено родено бебе со 1.220 гр. телесна тежина. Маја (24), неговата мајка, го родила во 29 недела од бременоста. По еден ипол месец престој на одделот за интензивна нега и терапија на ГАК, период во кој Маја, поради пандемијата, не била во можност да го види своето бебе, Гордан си замина дома со телесна тежина од 2.030 грама во добра општа состојба. Семејството на Гордан е благодарно за пожртвуваноста на персоналот на ГАК и нивната постојана достапност. И јас се придружувам во благодарноста до целиот персонал на ГАК, за целокупната грижа и нега која им ја даваат на мајките и новороденчињата, а на Гордан му посакувам да израсне во здраво и среќно дете.“

На 29 март оваа година на свет дојде Гордан, предвремено родено бебе со 1.220 гр. телесна тежина. Маја (24), неговата...

Posted by Венко Филипче on Thursday, August 20, 2020

„Смислата за мојот живот, душа од мојата душа. Мама и тато се среќни што ни го направи животот вреден за живеење. Твоите рачиња најубав ѓердан на мама се, син на мајка“ – напиша среќната мајка на Facebook.

My

Posted by Маја Арсова on Wednesday, August 19, 2020

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10604 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.