Почетна » Новости » Животни стории » Маж посвои пет браќа и сестри за да не бидат разделени во различни домови како што му се случило нему

Маж посвои пет браќа и сестри за да не бидат разделени во различни домови како што му се случило нему

Маж посвои пет дечиња од исто семејство за тие да не бидат разделени во различни згрижувачки семејства. Фотографиите од моментот на посвојувањето станаа хит на интернет, а тој доби многу комплименти за добрината.

Роберт Картер Роберт Картер Роберт Картер

29-годишниот Роберт Картер добро знае какво е чувството да се биде одвоен од браќата и сестрите, бидејќи истото му се случило кога бил мал. На 12-годишна возраст тој бил сместен во згрижувачко семејство и бил одвоен од неговите осум браќа и сестри.

„Отсекогаш знаев дека сакам да посвојам деца, бидејќи и јас растев со згрижување. Многу добро ја знам болката да бидеш разделен и не можев да дозволам тоа да им се случи ним“ – рекол Роберт.

Тој сега е среќен татко на 10-годишната Мариона, 9-годишниот Роберт Џуниор, 8-годишната Макајла, 5-годишниот Џовани и 4-годишниот Кионте.

Роберт Картер

Роберт започнал да се грижи за Роберт Џуниор, Џовани и Кионте во декември 2018 година, а подоцна дознал дека шест месеци биле разделени од нивните сестри Мариона и Макајла. Веднаш се јавил кај нивните згрижувачки родители и им договорил средба.

„Децата се видоа и започнаа да се гушкаат и да плачат и не сакаа да се разделат. Тоа беше моментот кога реков: ‘Добро, ќе ги земам сите пет’“ – објаснил тој за моментот кога ја донел важната одлука.

Многумина изразиле загриженост дека тој е сингл и дека е многу млад за да се грижи сам за нив, но Роберт вели на децата им е потребен родител, без разлика дали е еден или се двајца.

„Откако сè беше финализирано, само плачев зашто знаев дека не мора повеќе да се грижам дали тие ќе бидат преместени или дали ќе страдаат. Следниот ден се разбудив со големо олеснување и мир, благословен што ги имам овие деца.“

Роберт Картер

„Среќен сум што можам да ги охрабрам луѓето да згрижуваат и посвојуваат, за овие деца да бидат во добри раце“ – вели Роберт.

Роберт Картер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11254 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.