Почетна » Новости » Животни стории » „Лузните кои ми го донесоа овој ангел“: Холзи со фотографии објави дека е бремена и ги покажa лузните од операцијата за ендометриозата

„Лузните кои ми го донесоа овој ангел“: Холзи со фотографии објави дека е бремена и ги покажa лузните од операцијата за ендометриозата

Холзи ќе стане мајка. Популарната пејачка ја сподели радосната вест на Instagram со труднички фотографии и порака „Изненадување“. Ова ќе биде прво нејзино дете со сценаристот Алев Ајдин.

Во описот таа постави и виножито пред емотиконот бебе. „Виножито бебе“ е термин кој вообичаено се користи за бебенце кое доаѓа по спонтан абортус.

Холзи

Холзи отсекогаш била отворена за репродуктивното здравје, односно за справувањето со ендометриозата, а отворено зборуваше и за спонтан абортус кој ѝ се случи сред концерт. Имено, пред четири години, Холзи беше оперирана поради ендометриоза, а сега ги покажа лузните од операцијата која ѝ помогна да си го исполни сонот да влезе во водите на мајчинството.

„Лузните кои ми го донесоа овој ангел“ – напиша таа.

Холзи

Холзи не само што живеела со ужасни болки, туку веројатно и поради ендометриозата имала спонтан абортус.

„Бев на турнеја кога дознав дека сум бремена. Пред да се свестам што тоа значи за мене и за мојата иднина... бев на сцена и го губев бебето сред мој концерт“ – изјави таа и призна дека во тој момент, додека крварела преку облеката, решила да се оперира.

Ендометриоза е состојба при која мали делови од ендометриумот (слузницата на матката) ја напуштаат шуплината на матката (cavum uteri) и се прикачуваат на други органи, најчесто во пределот на карлицата. Може да предизвика силни болки за време на менструација, проблеми со цревата и неплодност.

Долго време Холзи сметала дека најверојатно нема да може да има деца по природен пат и размислувала за замрзнување на јајце клетки. Но, операцијата и промените во начинот на живот ја подобриле ситуацијата и докторите ѝ кажале дека нема потреба од замрзнување на јајце клетките кое планирала да го направи во 2019 година.

„Бев многу отворена за моите проблеми со репродуктивното здравје, за тоа што сакав да ги замрзнам моите јајца и за ендометриозата. Долго време не мислев дека ќе можам да имам семејство, а тоа е многу, многу важно за мене“ – изјави таа пред бременоста.

Трудничките фотографии се доказ дека Холзи го живее својот сон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11220 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.