Почетна » Новости » Животни стории » Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо ѝ го спасија животот на мајка која одбила да се лекува од рак во бременоста за да го зачува бебето

Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо ѝ го спасија животот на мајка која одбила да се лекува од рак во бременоста за да го зачува бебето

Кејт Винслет е заслужна што млада мајка е жива денес. Славната актерка заедно со Леонардо Дикаприо собраа доволно средства за да го платат лекувањето кое на Џема Натал ѝ го спасило животот.

Џема Натал

29-годишната Британка била бремена кога докторите ѝ откриле циста. Тестовите покажале дека станува збор за агресивен рак на јајниците, кој без лекување брзо се распространува. Џема била посоветувана да ја прекине бременоста за да може да започне со лекување, но таа одбила.

За храбрата одлука да го стави животот на неродената ќерка пред својот, таа вели: „Таа ми го спаси животот, таа беше причината што го откривме ракот кај мене. Чувствував дека морам да ѝ вратам за услугата.“

Докторите одлучиле предвреме да ја породат Џема со царски рез, за веднаш по раѓањето да можат да го отстранат туморот. Смелата мајка родила здраво девојче, кое го добило името Пенелопе.

По операцијата, иако не се чувствувала добро, нејзина единствена желба била да помине повеќе време со новородената ќерка. „Таа беше во инкубатор и јас посегнав и ѝ ја држев раката колку што можев подолго. Двете бевме живи и само тоа беше важно“ - раскажала таа.

Џема Натал

Но, трагичните вести не завршиле тука. Неколку недели подоцна, ракот се вратил и на грлото на матката, па следувала нова операција и хемотерапија. Околу година и половина Џема немала никакви здравствени проблеми. За жал, тогаш открила грутка на главата.

Анализите покажале дека се работи за рак на мозокот во четврт стадиум. Со операција бил отстранет туморот, но само неколку месеци подоцна, се појавиле осум нови тумори. Докторите ѝ рекле на Џема дека не може да се лекува и дека има уште само неколку месеци живот.

Џема Натал

Сепак, мајката на Џема не можела да се помири со фактот дека ќе ја изгуби, па започнала да истражува лекување надвор од Велика Британија. Така наишла на болница во Германија од каде им рекле дека има надеж за Џема. Единствен проблем тогаш станале финансиите, затоа што имунотерапијата била многу скапа.

Додека течела хуманитарна акција за собирање на средства за Џема, за нејзината приказна дознала Кејт Винслет и решила да ѝ помогне на младата мајка.

Го контактирала Леонардо Дикаприо и заедно одлучиле да стават на аукција вечера со нив. „Му се јавив на Лео и му реков: 'Можеме ли да понудиме вечера со Џек и Роуз?'“ - рекла Кејт, алудирајќи на ликовите од хитот „Титаник“. Минатата година, за време на хуманитарната гала на Дикаприо, тие ги собрале неопходните 300 илјади фунти за Џема.

Џема Натал Џема Натал

Благодарение на имунотерапијата, Џема најпосле може со олеснување да каже дека нема рак во нејзиното тело. За помошта која ја добила од Кејт, таа вели: „Не можам доволно да ѝ се заблагодарам на Кејт. Без нејзините донации и донациите на јавноста, мојата сторија ќе беше поразлична.“

Џема Натал Џема Натал

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.