Почетна » Новости » Животни стории » „Каде што има хаос, има безусловна љубов“: Пар кој се бореше со неплодност доби ДЕВЕТ деца за само три години

„Каде што има хаос, има безусловна љубов“: Пар кој се бореше со неплодност доби ДЕВЕТ деца за само три години

Сопружници, кои се бореа со неплодност, станаа родители на девет деца за само три години. Четири од нив се посвоени, а пет се нивни биолошки деца.

Максин Ли и Џејкоб Јанг

Максин Ли и Џејкоб Јанг отсекогаш сакале да имаат големо семејство и разговарале за тоа уште пред нивното стапување во брак. Кратко време по свадбата во 2016 година, започнале да се обидуваат да добијат дете, но нивните обиди биле неуспешни.

„Ако не сте искусиле неплодност, не можете да разберете колку многу тоа влијае на една личност. Тоа е како јама која те влече, паѓаш во темнина и понекогаш чувствуваш дека можеби никогаш нема да можеш да излезеш“ – објаснува Максин.

Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг

За среќа, парот брзо пронашол начин за да ја пополни празнината во нивните срца – преку згрижување деца.

„Кога бев мала, секогаш посакував да згрижам и да посвојам дете. Како што растев, научив повеќе за згрижувањето и за фактот дека на многу деца им е потребен дом. Кога го запознав Џејк, имавме дискутирано за тоа и откако стапивме во брак, разговаравме за тоа сериозно“ – рекла таа.

Додека се обидувале да имаат свое биолошко дете, Максин и Џејкоб започнале да посетуваат часови за згрижување и по два месеци, ја добиле потребната дозвола.

„Не помина ниту еден месец пред да го добиеме првиот повик“ – вели Максин, која најпрво се согласила да згрижи братче и сестричка, а потоа ја примила и нивната помала сестра.

Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг

„Реков ДА без да го прашам Џејк. Бев многу возбудена. Да се премине од 0 на 3 деца е премногу, но тие веќе имаа поминато низ многу нешта, па не сакав да ги разделувам“ – додала таа.

Набрзо следувало уште едно изненадување. На дечињата им се родила уште една сестричка и парот се согласи да ја прими и неа во семејството. „Рековме ДА и за нивната новородена сестра и тоа беше една од најдобрите одлуки во мојот живот. Елиот и јас сме многу блиски и со Џејк се смееме дека таа ми е сродна душа“ – раскажува Максин.

Максин Ли и Џејкоб Јанг

Додека биле зафатени со грижата на четирите деца кои ги згрижувале, тие откриле дека наскоро ќе добијат свое биолошко дете. Максин носеше момче.

Максин Ли и Џејкоб Јанг

Малиот Хенри се роди на крајот од 2018 година. „Совршен е и вљубени сме во него“ – напиша таа за бебето на социјалните мрежи.

Максин Ли и Џејкоб Јанг

До тој момент, четирите згрижени дечиња редовно имале средби со биолошките родители, бидејќи целта била еден ден тие повторно да се обединат. Максин го поддржувала тоа, сè до моментот кога родителите престанале да доаѓаат на средбите.

„Кога прекинаа сите посети, чувствував дека ние сме веќе семејство и знаев дека е време за посвојување“ – рекла таа.

Максин Ли и Џејкоб Јанг

Ајден, Паркер, Конор и Елиот биле посвоени во декември 2019 година, но парот воопшто не претчувствувал дека наскоро животот ќе му стане уште похаотичен и повесел. Неколку недели по посвојувањето, Максин повторно забременила, но не со едно, не со две, не со три, туку со четири бебиња.

Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг

„Понекогаш, кога имаш сон во твојот ум и надеж во твоето срце, ти создаваш желба. Дури и ако не се трудиш активно да си ја исполниш, таа продолжува да постои и понекогаш, ако си доволно среќна, таа желба се остварува“ – смета среќната мајка.

Максин Ли и Џејкоб Јанг

Среќата во семејството Јанг била нарушена од загриженоста на докторите, кои им рекле на родителите дека треба да го намалат бројот на бебиња на две за да им дадат најголеми шанси да преживеат. Но, тие одлучиле да ризикуваат и да ги задржат сите четири деца.

Максин Ли и Џејкоб Јанг

Тео, Силас, Бек и Сесилија се родија на 31 јули 2020 година, но мораа да поминат неколку месеци во оддел за неонатална интензивна нега. Семејството се обедини во септември 2020 година.

Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг

„Тешко е да го организираш времето за секое дете да добие специјално внимание еден на еден. Но, со Џејк даваме сè од себе за да се осигуриме дека нашите деца ќе се чувствуваат толку сакано и специјално колку што заслужуваат. Тешко е бидејќи немаме време за нас, ниту како индивидуи, ниту како пар, но се потсетуваме дека ова е само период.“

„Поголемите деца сакаат да ги држат бебињата цел ден. Животот е убав.“

Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг

„Ова не беше нешто што имавме намера да го направиме. Не планиравме да имаме толку големо семејство. Ни се допаѓа да бидеме родители, ги обожаваме нашите деца и сме многу среќни што постојано сме со нив. Хаосот на големите семејства едноставно ни одговара нам. Тој е сè што знаеме. Онаму каде што има хаос, ќе пронајдете повеќе смеа, насмевки и безусловна љубов.“

„Не би промениле ништо“ – вели Максин.

Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг Максин Ли и Џејкоб Јанг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.