Почетна » Новости » Животни стории » Инспиративна жена спаси сираче кое на 4 години тежело 4 кг, неговата трансформација по само 8 месеци ќе ве зачуди

Инспиративна жена спаси сираче кое на 4 години тежело 4 кг, неговата трансформација по само 8 месеци ќе ве зачуди

Хуманитарка ќе ви ја врати вербата во човештвото и ќе ви покаже дека навистина постојат „ангели“ на Земјата.

Ејми Хири секојдневно спасува сираци во Африка и ги сместува во клиника во Кенија, која ја има основано со нејзиниот сопруг Роберт. Таа не само што им овозможува бесплатно лекување, туку и ги сместува во својот дом за време на тешки третмани, како што е примањето хемотерапија. Парот во моментов живее во Африка и има посвоено една ќерка оттаму.

Ејми Хири Ејми Хири

Нивен заеднички сон е да го променат светот, пациент по пациент. Тие секој ден гледаат деца како страдаат од неисхранетост, маларија, трауматски повреди, рак и СИДА.

На почетокот од годината, Ејми спаси сираче кое било на работ на смртта и на 4-годишна возраст тежело само 4 килограми. Момчето живеело во ужасни услови само со својата сестра близначка, напуштени од нивната мајка. Без размислување, инспиративната жена ги смести двете дечиња во нејзината болница.

„Времето запре додека го набљудував секој израз на неговото мало лице. ‘Ти си веќе чудо’ – му шепнав. Ова момченце чекаше повеќе од четири години некој да го пронајде и да го спаси од овие ужасни услови. Го погледнав мојот сопруг Роб со неверување и му шепнав: ‘Нема шанси да го оставиме тука'“– пишува Ејми за моментот кога го здогледала истоштениот Сели за првпат.

Неодамна, близнаците наполнија 5 години, а Ејми објави фотографии од нивниот напредок. Разликата е неверојатна.

Кратко по роденденот, Селена прооде, а Сели се исправи на нозе.

Ејми Хири Ејми Хири Ејми Хири Ејми Хири Ејми Хири Ејми Хири

Еве дел од приказната на Ејми за спасувањето на Сели и Селена:

Како што се приближував кон калливиот дом, моите очи го здогледаа 4-годишниот Сели кој седеше сам пред нивниот дом. Беше прекриен со мравки и прашина и тежеше само 4 килограми. Носеше парталав розов фустан кој едвај се држеше на неговото ситно тело. Кога погледнав во неговите очи, го видов најсовршеното момченце на светот. Енергијата струеше во моите вени кога го зедов в раце. Ја обви раката околу мојот прст и ја положи главата на моите гради. Во тој момент, знаев дека нашиот живот засекогаш ќе се промени.

Ејми Хири Ејми Хири

„Колку е стар?“ – прашав.

„Повеќе од 4“ – ми рече негов роднина.

„Месеци?“ – прашав.

„Не, 4 години“ – појасни тој. „А ова е неговата сестра близначка“ – рече, покажувајќи кон Селена.

Моите очи се пренасочија кон девојчето. Таа изгледаше многу помала од 4 години, но и покрај тоа, беше четирипати поголема од Сели.

„Мајка им едноставно ги напушти вака. Не знаев што можам да направам“ – рече роднината.

„Мило ми е што ве пронајдов“ – му возвратив.

Ејми Хири

Сите се согласивме дека мораме да ги земеме децата со нас денес. Го ставив Сели во огромна јакна, која беше единственото нешто што го поседуваше. Немаше обувки, чорапи или долна облека.

Во нашиот тим имаше околу 50 вработени лица од Кенија и сите беа збунети од она што го гледаа. Овој дар од дете некако успеа да преживее. И покрај пневмонијата и тешката малнутриција, тој сè уште се смееше со широка насмевка кога ќе му го погалев образот и приврзано посегнуваше кон мене кога му зборував. Помина месеци со туба, инјекции, бесчувствителни терапии и воспоставување нормална исхрана, но неговиот дух смело зрачеше. Оваа волја за борба и неговата посветена приврзаност кон сестра му Селена е она што ни дава надеж за целосно опоравување. Во моментов ги гледам близнаците како лежат еден покрај друг. Селена му ја држи раката на Сели, навидум ветувајќи му заштита и закрила. Исто како што преживеаја сите тие години заедно, ќе растат силни и ќе го надминат секој проблем рака за рака.

Вечерва, со насмевка го гледаме во нашиот мал болнички апартман. Ни се допаѓа начинот на кој ја држи чашата со ледена вода и со одушевување зјапа во вентилаторот. Нашата 3-годишна ќерка Лили ме гледа со копнеж и вели: „Мамо, може ли бебето да остане тука?“. Јас само кимам и ги затворам очите заблагодарувајќи му се на Бог што ова е нашата реалност. Овој див, хаотичен живот можеби ме исцрпува, и дефинитивно носи многу солзи и фрустрации. Но, некако, секој ден што поминува ме тера да се заљубувам сè повеќе и повеќе во овој живот и во семејството, кои се поголеми од нас самите.

Ејми Хири Ејми Хири

Има безброј деца како Сели, кои се напуштени од нивните засрамени родители, изгубени во претрупаните институции или пак се премногу сиромашни за да имаат достап до лекувањето кое очајно им е потребно. Поради тоа ја основавме Детската болница „OVI“, место каде секое сираче или дете од ранлива категорија може да има бесплатна напредна медицинска нега и сместување.

Ејми Хири Ејми Хири Ејми Хири Ејми Хири

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.