Почетна » Новости » Животни стории » Едни на 5 милиони: Сакајќи да имаат четврто дете, добиле шестка, сега покажуваат како изгледа животот со ДЕВЕТ деца

Едни на 5 милиони: Сакајќи да имаат четврто дете, добиле шестка, сега покажуваат како изгледа животот со ДЕВЕТ деца

Пар кој пред три години доби шестка отворено покажува како изгледа животот со девет деца.

Кортни и Ерик веќе имале три деца кога добиле уште шест бебиња одеднаш. Сега, тие имаат своја емисија „Sweet Home Sextuplets“ која го прикажува нивниот хаотичен живот, а фотографиите на Instagram го документираат растењето на нивните деца.

Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик

Брачните партнери се запознале уште во основно училиште. Ерик ја побарал Кортни за жена на последната година од факултет, а стапиле во брак една година по дипломирањето. Кратко време по раѓањето на нивниот син Сејлор, парот решил да започне обиди за второ бебе. За жал, нивните планови завршиле со спонтан абортус.

Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик

По направените прегледи, Кортни открила дека има проблеми со згрутчување на крвта, што ја комплицира бременоста. Во 2012 година, добила третман за неплодност кој резултирал со близначка бременост. Така семејството од три члена, до крајот на 2012 година броело пет.

Пет години подоцна, во 2017 година, Кортни и Ерик одлучиле дека сакаат да имаат уште едно дете, но овој пат без лекарска интервенција. Набрзо, Кортни забременила само за да се разочара од уште еден спонтан абортус. „Многу бев разочарана бидејќи забременував лесно, но не можев да ги задржам“ – рекла таа.

На Кортни ѝ била препишана мала доза лекарства за неплодност со цел да се минимизира веројатноста за уште една близначка бременост. На првиот преглед со ултразвук по веста за нова бременост, тие дознале дека нивното семејство ќе се прошири, но не со едно, туку со уште шест деца.

Шансите тоа да се случи се еден на 5 милиони.

Кортни и Ерик Кортни и Ерик

Видео

Докторот веднаш започнал да разговара со нив за ризиците од ваквата бременост и за веројатноста дека тие ќе се родат предвреме и дека е можно да имаат здравствени проблеми. Сепак, парот одлучил да се ослободи од стравот, да се потпре на вербата и надежта, и да ги задржи сите шест бебиња.

Кортни се породила со царски рез во 30-тата недела од бременоста со помош на тим од 40 медицински лица.

Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик

Видео

„Неверојатно радосно е чувството да ги имаме сите шест бебиња дома со нас. Нашите животи се засекогаш променети. Не можеме да опишеме со зборови колку сме благословени и возбудени што започнуваме живот со овие слатки мали чуда испратени одгоре“ – рекле среќните родители по враќањето дома со сите бебиња.

Грижата за семејството вклучува 33 оброци дневно, полнење на машината за перење 15 пати неделно и долг распоред со обврски. Телевизиските екипи го следат семејството насекаде.

Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик

Нивниот живот дополнително е комплициран од пандемијата со коронавирусот, бидејќи никој не може да ги посети за да им помогне во грижата за децата.

„Дефинитивно беше предизвик. Кога се затворија училиштата поголемите синови останаа дома, а покрај нив јас имам шест 2-годишни деца. Се обидувам да правам сè покрај училишните обврски. Со сигурност е многу.“

„Навикнати сме кај нас да има многу луѓе. Но, кога решивме да бидеме во карантин, не дозволувавме никој да дојде“ – вели Кортни и признава дека нејзиниот живот им е целосно посветен на децата.

„Чувствувам вина ако излезам од дома да направам нешто за мене. Сега сè е за децата“ – вели таа.

Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик

„Не постојат зборови кои можат да ги опишат нашите животи. Благодарни сме што растеме девет деца, но дефинитивно е истоштувачко. Со Ерик само се молиме да преживееме, но исто така знаеме дека еден ден, сето ова ќе ни недостига.“

„Ова беше неверојатно патување исполнето со секакви емоции – стравови, возбуда, грижи, среќа... сè. Но, вредеше“ – вели Кортни.

Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик Кортни и Ерик

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.