Почетна » Новости » Животни стории » Еднаш балерина, засекогаш балерина: Старица со Алцхајмер ја слуша „Лебедово езеро“ и започнува да танцува

Еднаш балерина, засекогаш балерина: Старица со Алцхајмер ја слуша „Лебедово езеро“ и започнува да танцува

Видео од поранешна примабалерина, која боледуваше од Алцхајмерова болест, нема да ве остави рамнодушни.

На снимката, Марта Гонзалес додека е во инвалидска количка ја слуша „Лебедово езеро“, а кореографијата веднаш се враќа во нејзината глава. И покрај загубата на меморијата, таа започнува да танцува со рацете, повторувајќи ги истите движења како на настапите во својата младост.

ВИДЕО:

Марта танцуваше за њујоршкиот балет во 60-тите години од минатиот век. Таа почина минатата година.

Видеото беше објавено од шпанска огранизација, која со помош на музика им помага на пациенти со Алцхајмер и деменција да си ја подобрат меморијата и расположението.

Славни личности како Антонио Бандерас и Џенифер Гарнер го споделија видеото на своите профили на социјалните мрежи.

Hace 53 años fue bailarina del Ballet de Nueva York. La música de Tchaicovsky logró burlar su Alzheimer. Hace ya un año...

Posted by Antonio Banderas on Sunday, November 8, 2020

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11251 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.