Почетна » Новости » Животни стории » Девојка си го оствари сонот да стане докторка во болницата во која како дете ја победи леукемијата

Девојка си го оствари сонот да стане докторка во болницата во која како дете ја победи леукемијата

Дозволете Тае-Лион Батлер да ве инспирира со својата животна приказна. 23-годишната девојка од Лос Анџелес макотрпно работеше и си го оствари сонот да стане докторка во истата болница каде ја победи леукемијата кога беше дете.

Тае-Лион Батлер

Тае-Лион, која денес е фитнес фанатик и инспирација на Instagram, дозна дека е примена на специјализација со стипендија во Медицинско училиште во Калифорнија. Тоа бил нејзин сон уште од 9-годишна возраст, кога мајка ѝ за првпат ѝ кажала дека има рак.

Тае-Лион Батлер

Не ми се верува дека ова е реално. Од 2006 година, УКЛА има специјално место во моето срце. Таму мајка ми првпат ми ги шепна зборовите: „Имаш рак“ кога имав само 9 години. Таму татко ми стоеше над мене и ја искористи сопствената машинка за да ми ја избричи главата по првите неколку хемотерапии. И токму таму сфатив дека повеќе од сè на светот, сакам да бидам докторка.

Од моментот кога започнав да се борам со леукемија, буквално вложив крв, пот и солзи во овој мој сон. Сега, кога конечно ми се остварува, искрено немам зборови за да опишам како се чувствувам. Мојот живот навистина е целосен круг, бидејќи по 14 години борба, 14 години труд и 14 години сонување, јас ќе се вратам во УКЛА.

Но, овој пат, јас ќе бидам таа што ќе го носи белиот мантил.

Тае е категорична дека секој сам избира како ќе го живее животот. Таа ги мотивира своите следбеници да бидат најдобрата верзија од себеси, бидејќи го можат тоа.

„Победата над ракот ми покажа дека не постои ништо што не можам да го направам, без разлика колку невозможно изгледа задачата. Ако нешто наумам, знам дека имам моќ да го постигнам, и тоа е причината што ме гледате насмеана на фитнес секој ден. За мене не постојат граници.“

„Секој ден одам на фитнес и тренирам. Секој ден се предизвикувам себеси да кревам малку потешко од претходно. Секој ден се справувам со болката на последниот сет. И го правам тоа зашто ми дава чувство на контрола, не гледам ограничувања пред себе. Кога станува збор за моите цели, некои велат дека небото е граница, но искрено, тоа не е доволно далеку за мене“ – пишува таа.

Тае-Лион Батлер Тае-Лион Батлер Тае-Лион Батлер Тае-Лион Батлер

Презафатеноста е само изговор на луѓето, тврди Тае. Таа вели дека клучот да се биде успешен на повеќе животни полиња е во организирањето и планирањето на времето.

„Можете да ги правите и ДВЕТЕ. Можете да имате здрав начин на живот и работа со полно работно време, да бидете редовен студент, да имате семејство и/или да имате сопствен бизнис. Не е лесно, но не е ниту невозможно! ИМА доволно време. Можеби ќе треба да жртвувате еден час пред ТВ или да прескокнете викенд забава, но време има. Имате можност да се будите секој ден и да избирате како ќе ги поминете следните 24 часа, па извлекувајте го максимумот од нив! ВИЕ одлучувате дали ќе вежбате или не. ВИЕ одлучувате дали ќе учите вечерва или ќе излезете. Сè зависи од ВАС“ – пишува таа.

Силната Американка постојано споделува вежби за зајакнување на телото, а има и свои фитнес програми.

Тае-Лион Батлер Тае-Лион Батлер Тае-Лион Батлер

„Пронајдете ја вашата мотивација! Откријте што е она што ве инспирира. Кога еднаш ќе го направите тоа, НЕ се откажувајте! Секогаш кога јас ќе помислам да се откажам, се присетувам на тоа што можеше да се случи доколку се откажев во таа болница. Тоа не беше опција тогаш, не е опција ниту сега. ПРОДОЛЖЕТЕ“ – мотивирачки вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.