Почетна » Новости » Животни стории » Го победи ракот: Момчето од трогателната фотографија на која добива грижа од сестричката се излекува

Го победи ракот: Момчето од трогателната фотографија на која добива грижа од сестричката се излекува

Пред две години, трогателна фотографија од братче и сестричка стана вирална. На неа, Обри се грижи за помалото братче Бекет кое страда од леукемија и се чувствува лошо како резултат на хемотерапијата.

Бекет

Сега, нивната мајка Кејтлин Бурџ објави прекрасна вест. Бекет ја победи страшната болест и ги заврши терапиите.

Малото момче со песна беше испратено од медицинскиот персонал во болницата и среќно заѕвони на ѕвончето прогласувајќи ја победата.

Видео:

Бекет Бекет Бекет

Бекет ја добил страшната дијагноза во април 2018 година, кога имал само две години. Сега, откако се излекува, 6-годишното момче ќе започне да оди на училиште.

Мајката Кејтлин ги објави трогателните фотографии за да ја истакне важноста на семејството во кризни периоди.

Бекет Бекет

Прочитајте ја нејзината порака од 2019 година:

Едно нешто што не ти го кажуваат за ракот кај децата е тоа што го засегнува целото семејство. На некои од вас, ова им е тешко да го гледаат или читаат. Моите две деца, родени на растојание од 15 месеци, преминаа од играње заедно на училиште и дома до седење заедно во ладни болници. Мојата ќерка, која тогаш имаше 4 години, го гледаше своето братче како оди од амбуланта до оддел за интензивна нега. Таа гледаше дузина доктори како ставаат маска на неговото лице, го прободуваат со игли и му вбризгуваат дузина лекарства низ телото додека тој лежеше беспомошно. Таа не знаеше што се случува. Само знаеше дека нешто не е во ред со нејзиното братче, нејзиниот најдобар другар.

Месец дена откако беше пуштен од болница, таа го гледаше како се мачи да оди и игра. Живото и енергично момче кое таа го знаеше сега беше тивко, болно и поспано мало момче. Таа не разбираше како тој одеше претходно, а сега не можеше ниту да стои без помош. Зошто ја земавме неговата сестра со нас и зошто требаше да го гледа сето ова на мала возраст? На децата им треба поддршка и блискост и не треба да бидат чувани на дистанца од личност која е болна. Таа помина доста време до него во бањата додека му беше лошо. Таа остана до него. Таа го поддржуваше и се грижеше за него, без оглед на ситуацијата. До денес, тие се поблиски. Таа секогаш се грижи за него.

Повраќање помеѓу игрите. Будење за повраќање. Стоеше покрај нејзиното братче и го галеше по грбот додека му беше лошо. Од 13 на 9 килограми. Ова е ракот кај децата.

Бекет

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11901 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.