Почетна » Новости » Животни стории » Божиќ дојде порано во еден град за болно девојче кое нема да ги дочека празниците

Божиќ дојде порано во еден град за болно девојче кое нема да ги дочека празниците

Повеќето од нас со радост ги чекаат претстојните Нова година и Божиќ, но загрижените родители на Ели Чик со тага ја пресретнуваат празничната сезона, зашто не знаат дали нивната малечка ќе доживее да ѝ се радува на празничната еуфорија.

7-годишната Ели од Алабама е родена со ретка невролошка болест од која минатата година почина и нејзината сестра близначка Бејли Грејс. Во очекување на најлошиот исход, цело соседство на семејството Чик се сплотило за да ги прослави празниците порано заедно со малото девојче.

Украсени елки, разнобојни сијалички и многу украси се поставени за да ја радуваат Ели. Бидејќи нејзината состојба се влошува, таа сега е во дом за терминално болни лица, а нејзиното семејство не знае уште колку време ѝ преостанува на овој свет.

Ели Чик Ели Чик Ели Чик Ели Чик Ели Чик Ели Чик Ели Чик Ели Чик

Ели доби изненадување и од две нејзини омилени славни личности – актерката Кристен Бел и музичарката Кристин Демарко.

Видео

„Здраво Ели. Моето име е Кристен Бел и можеби го препознаваш мојот глас како принцезата Ана од Арендел. Слушнав дека ги сакаш божиќните светилки, па ги поставив моите порано годинава за тебе. Се надевам дека можеш да видиш зад мене, поставивме срце таму горе. Ели, тоа срце е за тебе љубов моја. Мислам на тебе и се надевам дека ти е удобно и дека си среќна во рацете на твоите родители. Само сакав да ти кажам дека те сакам многу“ – ѝ рече Кристен.

Ели Чик Ели Чик Ели Чик Ели Чик

Родителите се надеваат дека сите ќе пронајдат малку светлина во приказната на Ели.

Ели Чик Ели Чик Ели Чик Ели Чик Ели Чик Ели Чик Ели Чик

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.