Почетна » Новости » Животни стории » Близначки родени во 22. недела, на кои им давале 0% шанси за живот, го прославија 2-риот роденден

Близначки родени во 22. недела, на кои им давале 0% шанси за живот, го прославија 2-риот роденден

Најмалите меѓу нас понекогаш имаат најсилна желба за живот.

Такви се Ема и Луна, близначки кои се родија во 22-рата недела од бременоста, ги надминаа сите очекувања на докторите и преживеаја. Нивната мајка, Кејла Ибра, со огромни емоции ја раскажува нивната приказна, обидувајќи се да ја подигне свеста за предвременото породување и да порача дека бебињата родени 18 недели предвреме МОЖАТ да преживеат.

Ема и Луна Ема и Луна

Кејла и нејзиниот сопруг биле пресреќни кога дознале дека нивното семејство ќе се зголеми не за еден, туку за два члена. Тие веќе биле родители на едно и пол годишно синче.

Ема и Луна Ема и Луна

За жал, нивниот свет се превртел наопаку на 23 септември 2018 година. Кејла, која имала настинка, неочекувано започнала да се породува кога била бремена само 21 недела и 5 дена. Откако видела крв додека се туширала, веднаш се обратила кај нејзината акушерка. Додека ѝ ги правеле неопходните тестирања, водењакот на Кејла пукнал и нејзината докторка започнала да го подготвува породувањето.

Низ моите солзи, реков: „Што ќе се случи со моите ќерки?“ Додека ме носеа со количка горе, таа ми рече: „Бебињата ќе се родат денес и ќе умрат“. Тие ќе умрат. Солзите сè уште ми ги подуваат очите кога ги изустувам овие зборови.

Нема што да се направи, близначките ќе се родат денес и ќе умрат. Начинот на кој зборуваше беше многу ладен. Мојата золва ми рече дека мора да се помолиме, но јас не сакав да се молам. Му бев лута на Бог. Како можеше да го дозволи ова? Она што јас не го знаев беше дека тој штотуку ја започна нашата прекрасна приказна.

Откако емоциите спласнале, целото семејство започнало да бара некој кој може да помогне. Тие откриле дека во Лондон има болница која интервенира во 24. недела, но докторката одбила да ги испрати таму.

Ема и Луна

Таа го одби нашето барање. Побарав да ми даде лекарства за намалување на болката, но таа ми рече „Ова ќе биде брзо. Ајде да завршиме со ова“. Одлучив да му се молам на Бог, да му кажам дека му сум лута. Одеднаш, по молитвата, контракциите престанаа. Туку-така. Откако ѝ кажав на докторката, таа одлучи да ми даде време. Ми рече дека нема да дозволи да ги видам близначките, ниту да им го слушнам пулсот, будејќи тоа било „губење време“.

Следното утро, во мојата соба дојде доктор за високо ризична бременост и ми ги кажа сите ризици ако не ги родам близначките. Нозете на едното бебе можеа да се допрат. Ми кажа дека може да умрам и дека нема поента во тоа да ги чувам близначките, бидејќи ниту една околна болница нема да ми помогне најмалку до 23. недела, до која тој не веруваше дека ќе стигнам. Му реков дека одбивам да се породам. Сè додека близначките беа во мене, тие беа безбедни. Исто така, тој одби да ми даде лекарство кое би помогнало во развојот на белите дробови и мозокот кај близначките. Лежев во кревет 4 дена и ги преколнував да се јават во Лондон и ги молев за лекарства. Лежев таму и плачев, се молев и повторно плачев.

Вистинското породување започна на 22 недели и 2 дена. Бев поразена. Животот ми се скрши. Требаше да ги родам ќерките и да ги држам додека умираат.

Одеднаш, нов доктор влезе во мојата соба и ми рече: „Кејла, знам дека имаш желба да ги спасиш овие бебиња. Ќе се јавам во блиските болници со Оддели за неонатална интензивна нега ниво 3/4 и ќе ги замолам да одлучат дали ќе те примат“. За првпат по 4 дена, почувствував надеж.

Две болници се согласиле да ја примат Кејла и нејзиниот доктор заминал со неа во Лондон.

Близначките се родиле на 27 септември 2018 година, во 22-рата недела од бременоста, 18 недели предвреме. Докторите се изненадиле кога виделе дека Луна се раѓа во водењак, бидејќи претходниот доктор потврдил дека тој пукнал. Луна тежела 400 грама, а нејзината сестра Ема 450 грама.

Ема и Луна Ема и Луна

Тие беа тука! Беа живи. Беа стабилни! Кога ги запознав моите воини, животот ми се промени засекогаш. Кога ги погледнав, знаев дека вредеше сè низ што поминав.

Ема и Луна Ема и Луна Ема и Луна

Луна и Ема поминале 115 дена во одделот за неонатална интензивна нега.

Ема и Луна Ема и Луна Ема и Луна Ема и Луна Ема и Луна Ема и Луна Ема и Луна Ема и Луна Ема и Луна Ема и Луна Ема и Луна

Во септември минатата година, синооките сестрички наполнија 2 години. По тој повод, мајка им на Instagram напиша:

Пред две години, наспроти сите шанси, ние бевме сведоци на чудо. Луна и Ема се родија во 22. недела и тежеа само 400 и 450 грама. Им даваа 0% шанси да преживеат, кои се претворија во 24-48 часа. Не само што преживеаја, туку и напредуваа! Денес славиме ДВЕ полни години живот. Ви благодарам што ме научивте што е вистинска сила и безусловна љубов.

Ема и Луна Ема и Луна Ема и Луна

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11928 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.