Почетна » Новости » Животни стории » Апел за помош: Да му помогнеме на малиот Михаил чие раче беше скршено при раѓањето

Апел за помош: Да му помогнеме на малиот Михаил чие раче беше скршено при раѓањето

Отворете го вашето срце и помогнете му на Михаил, чие раче е парализирано, да има нормално детство.

Малото момче има само една година и девет месеци, а не може да ја движи левата рака која му била скршена при раѓањето. Неговите родители, кои имаат уште две поголеми деца, не можат да ги обезбедат потребните 15.000 евра потребни за лекување и бараат помош од хуманите луѓе.

Михаил

Од белградската приватна болница „Виталис“ семејството добило гаранција дека со одредена терапија раката на Михаил може да функционира.

„На породувањето на Михаил пред една година и девет месеци му е скршена раката. Во болницата во Козле, година и два месеци примаше терапија и вежби за да не атрофира мускулот, но нема никакво подобрување и враќање на функцијата. Во приватната болница ‘Виталис’ во Белград гарантираат дека може да проработи раката. Станува збор за методот акупунктура. Меѓутоа со нашите средства не можеме да успееме, затоа ја замолувам јавноста колку може да ни помогне со донации. Потребни се околу 15.000 евра, Фондот за здравствено осигурување не може да одобри лекување бидејќи белградската болница е приватна“ – вели таткото Мирослав.

Хуманите лица кои сакаат да му помогнат на малото момче може да донираат на:

Број за донација

143 485 (A1)

Сметка за донација на име Мирослав Ристовски

240197107964904
Уни Банка

Отворен е и профил за донации на GoFundMe.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11045 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.