Почетна » Новости » Животни стории » 6 жени со ендометриоза преку сопствени искуства ја подигнуваат свеста за „женската болест“

6 жени со ендометриоза преку сопствени искуства ја подигнуваат свеста за „женската болест“

Ендометриозата е заболување кое засега една од десет жени, а иако може да биде многу сериозно и да доведе до неплодност, многу често е сведено на „нормални“ болки за време на менструација.

Бидејќи март е месец за подигнување на свеста за ендометриозата, шест жени од различни точки на светот ја споделија својата приказна за „Вог“.

ендометриоза

Ендометриозата е хронично, често и прогресивно заболување пратено со болка. Се јавува кај 10% од жените кои се во репродуктивна возраст.

Ендометриоза е состојба при која мали делови од ендометриумот (слузницата на матката) ја напуштаат шуплината на матката (cavum uteri) и се прикачуваат на други органи, најчесто во пределот на карлицата. Прочитајте повеќе.

Анита Џонс (30 години) од Велика Британија

Болните менструални циклуси ми започнаа од 14 години. Во еден наврат, болките во карлицата беа толку лоши додека бев на училиште, што завршив на ургентно одделение и бев дијагностицирана со апендицит. Години подоцна, научив дека апендицит е честа погрешна дијагноза за жени со ендометриоза.

Пост на Instagram ми го промени животот. Пријателка на моја пријателка објави фотографија на која беше во болнички кревет и напиша дека била дијагностицирана со состојба нарекувана ендометриоза. Во тој момент, одлучив дека нема да им дозволам на докторите да ја релативизираат мојата болка и инсистирав да ме препратат на гинеколог. На 28 години конечно ми беше дијагностицирана ендометриоза во 2 фаза. Хирургот ја пронајде на 3 места, вклучително и во моите црева.

Сакам младите девојки и жени да знаат повеќе за оваа состојба за да не мора да страдаат во тишина. Исто така, сакам да им помогнам на мажите да ја разберат, за да можат да ги имаат ОНИЕ разговори со нивните ќерки, жени, колешки и пријателки.

Емилија (26 години) од Австралија

По 11 години болки, ужасни симптоми и неодговорени прашања, најпосле ми беше дијагностицирана ендометриоза на 24-годишна возраст со лапароскопија и операција со рез.

Ендометриозата влијаеше на моето патување до бременост – бев екстремно благословена што го зачнав моето бебе-чудо.

Можеш да правиш сè правилно, а да не се чувствуваш добро. Можеш да се храниш здраво, да правиш јога, да менуваш навики и сепак, да имаш проблеми кои се поврзуваат со ендометриоза. Оваа состојба е непредвидлива.

Леа (45 години) од Филипини

Имам ендометриоза во 4 фаза. Ми беше дијагностицирана по мојата прва лапароскопија на 37 години. Се влоши по мојата бременост во моите рани 30-ти. Според мене, најголемата заблуда е дека болката за време на менструација е нормална. Секоја болка која трае и не може да се објасни за време на нечиј циклус не е нормална и не треба да биде занемарена, особено кога ти е засегнат квалитетот на живот.

Другата заблуда е дека бременоста може да излекува ендометриоза и дека хистеректомијата може да биде третман. Операцијата беше најделотворна за мене. Ми беше остранет дел од цревата, за што беше потребна експертизата и на гинеколог и на хирург.

ендометриоза

Џоана (26 години) од Франција

Мојата дијагноза со ендометриоза во 4 фаза беше потврдена со лапароскопска операција во 2018 година, но знаев дека ја имам од 14-годишна возраст.

Тоа е многу тешка состојба, која е специфична за секоја жена. Јас сум полна од неа (коски, зглобови, органи) од градите до ректумот, целиот мој уринарен систем е блокиран и не би можела да мокрам без стент кој ми беше вграден. Моите бубрези не работат најдобро, мојот дигестивен систем е засегнат и несогласувањата помеѓу мојот репродуктивен систем и сите органи околу него значат дека моето тело функционира многу чудно и постојано сум во овулација, дури и кога земам таблети.

Џејми (34 години) од САД

Ми беше дијагностицирана ендометриоза на 31 година. Со мојот сопруг бевме на доктор за плодност по една година неуспешни обиди да зачнам. Една од најголемите заблуди е дека ендометриозата е само во твојот репродуктивен систем. Таа може да зафати многу други органи и системи во телото. На пример, јас имам тешка ендометриоза на цревата, што ги објаснува моите алергии на храна, нервозните црева, хроничното подување и болното и мачно празнење на цревата.

Ендометриозата може да се најде во цревата, црниот дроб, дијафрагмата и ишијадикусот. Твоите сакани сакаат да ти помогнат, но ти си во сива зона, а тоа создава тензија и заладување на односите.

Венди (50 години) од Велика Британија

Мајка ми ги препозна моите симптоми како слични на нејзините од ендометриоза и ме однесе на гинеколог каде бев дијагностицирана на 11 или 12 години. По 33 години живот со ендометриоза, природно успеав да ја ставам во ремисија. Се опоравив преку нутритивна терапија, психологија и психотерапија.

Ние сме три генерации со ендометриоза во семејството. Мајка ми помина низ хистеректомија, но симптомите ѝ се вратија. Од друга страна, јас се излекував, како и мојата ќерка. Иако докторите претпоставуваат дека ендометриозата е наследна, ако гледате на случајот со мајка ми, таа е единствената од три сестри што ја има.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9531 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.