Почетна » Новости » Животни стории » 3-годишно момче кое се бори со рак и мора да е во изолација дома добива забавни посети на прозорец од добродушни сограѓани

3-годишно момче кое се бори со рак и мора да е во изолација дома добива забавни посети на прозорец од добродушни сограѓани

Квин Вотерс е мал борец, кој води тешка битка со рак, но секојдневно добива позитивна поддршка од неговите сограѓани со големи срца.

Квин Вотерс

3-годишното детенце од Масачусетс поминало низ операција, со која докторите успеале да отстранат 95% од туморот на мозокот, трансплантација на матични клетки и хемотерапија, а сите тие медицински интервенции го ослабнале неговиот имунолошки систем и сега тој е во тотална изолација во неговиот дом.

За да му го разубават животот на храброто детенце, многумина секојдневно наминуваат под неговиот прозорец и го забавуваат со своите таленти. Полициските службеници поминуваат по улицата со вклучени сирени, пејачите изведуваат песни, некои жонглираат, а други го засмејуваат со приказни, танц и костими...

Квин Вотерс Квин Вотерс

„Од никој немам побарано да го посети, тие го прават тоа од љубов кон Квин и поради нивните добри срца. Ваквите работи му помагаат да помине низ денот, зашто тој буквално е заглавен во куќата, а за тригодишник, тоа е тешко“ – изјавила мајката.

Квин Вотерс Квин Вотерс Квин Вотерс

„Вчера бевме благословени на прозорецот со посетата на Сијара Конел, која се бори со истиот рак како и Квини“ – напишаа родителите на Facebook и споделија видео од настапот на смелата Сијара.

Ако сè е во најдобар ред, Квин ќе може да излезе од дома на крајот на месецов.

Квин Вотерс Квин Вотерс Квин Вотерс Квин Вотерс Квин Вотерс Квин Вотерс Квин Вотерс Квин Вотерс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11607 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.