Почетна » Новости » Животни стории » 13-годишно девојче принудено да се омажи за 48-годишен маж на Филипините и да се грижи за неговите деца кои му се врсници

13-годишно девојче принудено да се омажи за 48-годишен маж на Филипините и да се грижи за неговите деца кои му се врсници

Вознемирувачки фотографии од свадбена церемонија на Филипините поттикнуваат силни негативни чувства и коментари полни со лутина и бес.

13-годишно девојче беше принудено да се омажи за 48-годишен маж со одобрение од пријателите и роднините. За жал, ова е само еден од милионите свадби на девојчиња-невести низ светот.

Брак

Младоженецот Абдулрзак Ампатуан рекол дека младата невеста Аснаира ќе се грижи за неговите деца, а некои од нив се на нејзина возраст. Ова е петти негов брак.

„Среќен сум што ја пронајдов и што ќе ги минувам деновите со неа додека таа се грижи за моите деца. Ќе плаќам за училиште за неа, затоа што сакам да се едуцира додека го чекаме вистинското време за да имаме деца“ – рекол тој.

Според информациите од странските медиуми, Абдулрзак и Аснарира планираат да имаат свои деца кога таа ќе наполни 20 години.

Принудувањето на девојчињата да стапуваат во брак пред да наполнат 18 години е огромен проблем. На глобално ниво, над 21% од младите девојки се мажат пред 18-годишна возраст.

Брак Брак Брак

Причините за браковите со мали девојки се различни. Често татковците ги продаваат своите ќерки за храна или пари, но исто така ги мажат и за да ја одржат традицијата.

Стапувањето во брак со непознат сопруг не е најлошиот дел од животот на овие девојчиња. Откако ќе застанат пред олтар, најчесто тие го губат правото на образование и се физички малтретирани од своите сопрузи, а и се принудени да родат дете уште додека се во пубертет. Најголем дел од овие девојчиња не се осмелуваат да им се спротивстават на сопрузите и остануваат во ваков брак цел живот. Оние кои ќе се осмелат да избегаат, често завршуваат во бордели како проститутки.

Маж (40) со својата невеста (11)11-годишно девојче без насмевка на лицето до 40-годишен маж. Фотографијата е направена во нивниот дом пред свадбата. (Авганистан)

Застрашувачки се бројките на УНИЦЕФ кои велат дека 650 МИЛИОНИ девојчиња и жени кои се живи сега стапиле во брак како деца. Секоја година 12 милиони девојчиња се омажени пред 18-годишна возраст.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.