Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – СЕПТЕМВРИ, 2019

Месечен хороскоп – СЕПТЕМВРИ, 2019

Време е за ред, организираност и смиреност! Планетите транзитираат низ девица, што значи дека е време да ставиме крај на хаосот, импулсивноста и препуштањето на случајноста, но и да се насочиме кон планирање и фокусирање на деталите. Секоја ситница е важна ако во септември посакувате успеси.

Не избрзувајте! Додека август нè поттикнуваше на брзи промени и што поголема динамика, во септември небесните тела ни порачуваат да размислуваме по неколкупати пред да направиме каква и да било животна промена.

Дозволете ѝ на вашата интуиција да блесне на 14 септември, кога ќе настапи полна месечина.

На љубовен план, ќе нè радува хармонија. Сонцето, Меркур и Венера ќе се погрижат да имаме романтични мигови кои засекогаш остануваат во сеќавањата.

Во последната седмица од месецов, ќе им бидете посветени на најблиските личности. Секоја силна врска е важна, нели? Негувајте ги како деликатно цвеќе односите со саканите и ќе се чувствувате максимално исполнети.

ДЕВИЦИТЕ и ВАГИТЕ најсилно ќе го почувствуваат позитивното влијание од планетите.

Датум Случување
14 септември☽ Настапува полна месечина во риби
14 септемвриМеркур влегува во вага
14 септемвриВенера влегува во вага
18 септемвриСатурн преминува во директно движење во јарец
23 септемвриСонцето влегува во вага
28 септември☽ Настапува млада месечина во вага

Табела: најважните датуми за месец септември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.