Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ОКТОМВРИ, 2019

Месечен хороскоп – ОКТОМВРИ, 2019

Октомври ќе ни ги претвори животите во партија шах, но играта ќе биде мошне возбудлива.

На моменти ќе треба да бидеме екстремно внимателни со потезите, бидејќи многу погледи будно ќе следат, но одвреме-навреме ќе си дозволуваме импулсивноста да нè води и нема да погрешиме.

На самиот почеток на месецот, Плутон ќе го прекине петмесечното ретроградно движење и ќе ни ги отстрани пречките до успехот на професионален план.

Марс ќе ги вжештува љубовните врски, носејќи огромни дози страст, но понекогаш ќе биде виновник и за зголемена љубомора и посесивност. А Венера, планетата на љубовта, непрекинато ќе нè потсетува на важноста на физичката блискост со љубовните партнери.

Најсреќни овој месец ќе бидат ВАГИТЕ и ШКОРПИИТЕ.

Датум Случување
3 октомвриПлутон преминува во директно движење во јарец
3 октомвриМеркур влегува во шкорпија
4 октомвриМарс влегува во вага
8 октомвриВенера влегува во шкорпија
13 октомври☽ Настапува полна месечина во овен
23 октомвриСонцето влегува во шкорпија
28 октомври☽ Настапува млада месечина во шкорпија
31 октомвриМеркур преминува во ретроградно движење во шкорпија

Табела: најважните датуми за месец октомври и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10404 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.