Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2019

Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2019

Април ќе ни донесе од сè по нешто. Планетите ќе го менуваат движењето, носејќи динамика во нашите животи.

Радувајте им се на првите 10 дена од месецот, кога ниту една планета нема да се движи ретроградно. Тоа ќе биде стабилен период, кога започнувањето на нови поглавја е препорачливо. Тргнете во акција!

Откако на 10 април Јупитер, планетата на среќата и богатството, ќе премине во ретроградно движење, најдобро е да го избегнувате ризикувањето, особено кога ризикот е поврзан со пари.

Љубовни моменти вредни за паметење се запишани во ѕвездите за 19 април, кога ќе настапи втората по ред полна месечина во вага.

Во последната недела од месецот, трансформативниот Плутон и строгиот Сатурн ќе преминат во ретроградно движење. Потребно е да забавиме со темпото на живеење за да преиспитаме дали сме на вистинскиот пат и ако си одговориме негативно, да направиме соодветни промени.

Живееме во сезоната на ОВНИТЕ, но во април и БИКОВИТЕ ќе добијат одлична најава за убавиот период кој им претстои.

Датум Случување
5 април☽ Настапува млада месечина во овен
10 априлЈупитер преминува во ретроградно движење во стрелец
17 априлМеркур влегува во овен
19 април☽ Настапува полна месечина во вага
20 априлСонцето влегува во бик
20 априлВенера влегува во овен
24 априлПлутон преминува во ретроградно движење во јарец
30 априлСатурн преминува во ретроградно движење во јарец

Табела: најважните датуми за месец април и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.