Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – АВГУСТ, 2019

Месечен хороскоп – АВГУСТ, 2019

Возбудата е на максимум! Бројните небесни случувања ќе ни подарат месец за паметење.

Во август ќе имаме две млади месечини, а Јупитер и Меркур ќе го прекинат ретроградното движење, па може да воздивнеме со олеснување и да ѝ кажеме добредојде на забавата.

Во првите три недели од август, повеќе планети ќе транзитираат низ лав, давајќи ни моќ, храброст и огромна самодоверба. Ништо нема да ни биде недостижно. На љубовен план, страста ќе струи низ нашите вени. Ова е одличен период за раѓање на нови врски и испишување на љубовни поглавја од кои се растреперува телото.

Бидејќи Уран на 11 август ќе започне да се движи ретроградно, големи се шансите да подзаборавиме на планирањето на буџетот и да претеруваме со трошењето.

Спонтаноста и склоноста да експериментираме ќе стивнува во последните десет дена од месецот, кога планетите ќе се преселат во практичната девица. Ќе станеме поодговорни и подисциплинирани со обврските.

Август ќе биде најсреќен за ЛАВОВИТЕ, но и ДЕВИЦИТЕ ќе бидат значително наградени од планетите.

Датум Случување
1 август☽ Настапува млада месечина во лав
1 августМеркур преминува во директно движење во рак
11 августЈупитер преминува во директно движење во стрелец
11 августУран преминува во ретроградно движење во бик
11 августМеркур преминува во лав
15 август☽ Настапува полна месечина во водолија
18 августМарс преминува во девица
21 августВенера влегува во девица
23 августСонцето влегува во девица
29 августМеркур преминува во девица
30 август☽ Настапува млада месечина во девица

Табела: најважните датуми за месец август и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11101 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.