Почетна » Забава » Видео » „Велигден во Македонија“: Деца во САД плачат од радост кога ќе дознаат дека ќе дојдат тука и ќе се видат со роднините

„Велигден во Македонија“: Деца во САД плачат од радост кога ќе дознаат дека ќе дојдат тука и ќе се видат со роднините

Во потрага по подобри услови и поквалитетен живот, многу семејства од Македонија се иселени во странство. Но, нивната љубов за нашата земја не згаснува ни по долги години таму.

Видео од македонско семејство кое живее во САД ќе ви го стопли срцето. Во него, мајката и таткото им кажуваат на децата дека за четири часа заминуваат за Македонија.

Неизмерната радост на лицата на децата и искрените прегратки кои ќе им ги подарат на родителите ја одразуваат среќата која ја чувствуваат за убавата вест.

Кулминацијата доаѓа на крајот од видеото - моментот кога децата се среќаваат со баба им и дедо им во Македонија. Топли прегратки, солзи-радосници и неизмерна љубов, кои не оставаат никого рамнодушен.

@lazarribarski И илјадници километри не се ништо кога душата сака дома. Изненадувањето успешно завршено! Од не со зборови, туку со прегратки. Even thousands of miles mean nothing… when the soul longs for home. Surprise mission accomplished! Fr not with words, but with hugs.#homesurprise #lovemyfamily #u ia ♬ original sound - Lazar

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26283 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.