Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » Здрава ужина: Јогурт „барови“ со овошје

Здрава ужина: Јогурт „барови“ со овошје

Секој од нас има моменти кога посакува да касне нешто благо помеѓу главните оброци во текот на денот.

За да не посегнувате по нездрави и калорични закуски, однапред подгответе здрава ужина која ќе ви биде при рака секојпат кога ќе го отворите фрижидерот.

Наш предлог овојпат се јогурт „барови“ со овошје кои ќе бидат идеални за целото ваше семејство.

Јогурт барови Јогурт барови

Овој освежителен десерт се подготвува со 200 грама грчки јогурт, кој содржи здрави масти и протеини. Во него додадете 1-2 лажички мед и промешајте.

Смесата распоредете ја рамномерно на плех прекриен со хартија за печење. Од горе, исецкајте јаготки, малини, капини или боровинки, а потоа додајте гранола или сецкани јаткасти плодови по избор (орев, лешник, бадем).

Подготвениот десерт ставете го во замрзнувач неколку часа додека комплетно да се стврдне.

Јогурт барови Јогурт барови

Истата смеса можете да ја поставите и во калапи за мафини.

Јогурт барови Јогурт барови Јогурт барови Јогурт барови Јогурт барови

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.