Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » Витки, а сити со Appetite&Weight Control!

Витки, а сити со Appetite&Weight Control!

Appetite&Weight Control

APPETITE AND WEIGHT CONTROL – GLUKOMANAN FORMULA

Една од бројните несакани последици на современиот начин на живот претставува дебелината. Дебелината, всушност, не е само естетски туку е и здравствен проблем. Како хронична болест доведува до низа здравствени нарушувања коишто битно влијаат на квалитетот на животот, како што се дијабетес тип 2, висок крвен притисок, проблеми со срцето, метаболички синдром, болки во коските и во зглобовите итн.

Лицата со вишок килограми често се депресивни, немаат самодоверба, нервозни се и се повлекуваат во себе.

Избалансираната исхрана богата со растителни влакна во комбинација со редовна физчка активност претставува најдобар начин за намалување на телесната тежина. Застапени во овошјето, зеленчукот и во житата, растителните влакна претставуваат важен составен дел на секојдневната исхрана поради поволното влијание на варењето на храната и поради елиминацијата на штетните материи од организмот.

За жал, повеќето луѓе не внесуваат доволно растителни влакна преку вообичаената исхрана, па потребно е нивно внесување во форма на диететски додатоци во исхраната.

Appetite&Weight Control

Што е глукоманан? Глукоманан е хидросолубилно (растворливо во вода) влакно добиено од коренот на билката Amorphophallus konjac, чијашто структура е составена од единици на D-маноза и на D-гликоза во однос 1,6 : 1. Овој полисахарид во присуство на вода набабрува, зголемувајќи го својот волумен и до 200 пати во однос на почетниот. На тој начин создава чувство на ситост и го продолжува времето до следниот оброк. Глукомананот придонесува за намалување на вкупниот и на LDL-холестеролот.

APPETITE AND WEIGHT CONTROL – GLUKOMANAN FORMULA е додаток во исхраната на база на глукоманан со висок квалитет, наменет за регулирање на телесната тежина на здрав, ефикасен и на безбеден начин.

APPETITE AND WEIGHT CONTROL – GLUKOMANAN FORMULA е достапен во форма на капсули од 526 mg. Препорачаната дневна доза којашто доведува до намалување на телесната тежина е 3 g глукоманан, поделенa во три поединечни дози од по 1 g. Ова се постигнува со земање по 2 капсули 3 пати дневно, половина до еден час пред оброк.

Направени се бројни клинички студии со цел да се докаже ефектот на глукомананот за намалување на телесната тежина. Врз основа на резултатите од овие клинички студии, глукомананот е одобрен за користење во диететските производи во ЕУ за коишто EFSA (European Safety Authority – Европска агенција за квалитет) објави стручно мислење за потврда на здравствените тврдења во врска со глукомананот и намалувањето на телесната тежина (EFSA Journal 2010; 8(10): 1798).

Appetite&Weight Control

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.