Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Јадете сѐ, а слабеете: Во што е тајната на хроно исхраната?

Јадете сѐ, а слабеете: Во што е тајната на хроно исхраната?

Комерцијален текст

Што е хроно исхрана?

Основната идеја за режим на исхрана по одредено време потекнала од францускиот лекар Alain Delabosa, кој го има регистрирано својот програм во 1986 година. Овој програм претрпел бројни промени во светот, а нашиот центар работи по програм прилагоден од др. Ана Гифинг, од Белград.

Програмот на хроно исхрана овозможува без голема мака и за кратко време да се научат принципите на здрава исхрана, правилен избор на намирници и добри комбинации на различни намирници, кои можат да се применат во секоја прилика, на училиште, на работа, дома, на одмор или службен пат.

Програмот не подразбира броење на калории, мерење намирници и одредување количина на храна, не постојат одредени листи на јадење, како ни зададени рецепти. Филозофијата на програмот е во тоа секој човек да добие знаење кое ќе биде основа за понатамошно живеење на здрав живот.

Хроно исхрана

Трите основни принципи на кои се базира програмот хроно исхрана се:

  1. Создавање на алкална средина во организмот (обезкиселување), затоа што закиселувањето предизвикува хронични воспалителни и дегенеративни заболувања (карциноми, инфаркт, шеќерна болест и сл.)
  2. Правилен временски распоред на дневните оброци. Задолжителни се три главни оброци во денот (појадок, ручек, вечера) со временско растојание од 4-6 часа меѓу нив, кога не треба да се внесува никаква храна. Дозволен е внес на вода и чаеви од билки (никако овошни).
  3. Глуциден индекс (ГИ). Брзината со која одредена храна го зголемува нивото на шеќерот во крвта (гликозата), односно примена на таканаречени спори шеќери, т.е. сложени јагленихидрати во исхраната.

Посебно е значаен по тоа што сите правила можат да се применат во семејството и што децата можат многу рано да се насочат кон целта да имаат долг и здрав живот.

Оние кои се заболени од најчестите современи болести на метаболизмот, во рок од 10-30 дена можат да ги намалат вредностите на холестеролот, триглицеридите и шеќерот.

Програмот има одредени правила и постојат барања кон кои мора да се придржува, а од друга страна рестрикциите се минимални и лесно се поднесуваат.

Предност на програмот на хроно исхрана е во тоа што никогаш не се јавува таканаречениот „јо-јо“ ефект (губење – враќање на тежина), а метаболните пореметувања трајно се решаваат.

Резултатите покажуваат 100% успех кај сите оние кои успеале да ги совладаат основите на физиолошки процеси.

Во рамките на нашиот центар за дијагностика ги извршуваме сите неопходни дијагностички процедури со цел да се утврди постоечката здравствена состојба, а потоа во тек на повеќемесечни консултативни прегледи и контроли го следиме постигнатиот резултат.

Со програмот нашиот тим на лекари и нутриционисти препорачува одредена комбинација на витамини, антиоксиданси, минерали и аминокиселини, исклучително според резултатите на целните дијагностички процедури, така што со овие протоколи се забрзуваат резултатите и се овозможува трајност на постигнатите ефекти.

Колку време треба да се биде на хроно исхрана и кои продукти ги вклучува?

Првата фаза од програмот на исхрана, т.н. рестриктивен режим кој трае 28 дена, подразбира неконзумирање на брзи (прости) шеќери во облик на слатки, овошjе, бел/жолт шеќер, вештачки засладувачи итн., како и на алкохолни пијалаци кои содржат висока концентрација на алкохол, тврди пијалаци. По спроведување на рестриктивниот режим, одредени продукти постапно се вклучуваат во исхраната.

Доколку кај некој пациент се најде одредена интолеранција на некоја храна, во траење од 3-6 месеци се спроведува т.н. детоксикација од таа храна, а по спроведување на истата, полека, постапно се враќа таа намирница во исхраната.

Промената на некои стекнати штетни навики и прифаќањето на здравите навики во исхраната, како и совладувањето на основите на физиологијата на исхрана ќе требаат понатака да се применуваат трајно во животот. И тоа е основниот принцип на хроно исхраната.

Очекувани ефекти

Оваа програма дава извонредни резултати кај гојазните, лицата кои боледуваат од дијабет и кај сите луѓе кои имаат зголемени маснотии во крвта или било кој облик на метаболен синдром. Како напомена би рекле дека кај луѓето за многу кратко време се постигнува подобрување на сите физиолошки параметри (веќе во првите 24 часа, најдоцна до 7 дена). Во случај на примена било каква претходно пропишана терапија од ординирачкиот лекар, дејството на тие лекови може да се потенцира и да дојде до непожелни реакции, како пад на крвниот притисок и шеќерот во крвта. Крвниот притисок и шеќерот тогаш мора да се контролираат повеќе пати дневно, а терапијата (која некогаш била и повеќегодишна) мора да се намали, што не е препорачливо да го прави самиот пациент.

Начин на спроведување

Со програмот на хроно исхраната се овозможува за брзо време, без голема мака, да се научат принципите на здрава исхрана, како и правилен избор на намирници и добра комбинација на истите. Програмот на хроно исхрана подразбира конзумирање на храна во одредено време од денот, три пати дневно со растојание од 4-6 саати помеѓу оброк.

Употреба на технологија

Во нашиот центар постојат неколку дијагностички процедури, кои се спроведуваат пред и за време на програмот.

  • Првиот апарат, inBody 720, е софистициран апарат кој служи за сегментално одредување на составот на човечкото тело, колку содржи течност во клетките и вонклетките, како и севкупната течност во организмот кај човекот, понатака количеството на севкупните масти, како и мастите околу внатрешните органи изразено во килограми, тежината на коскеноминералната маса, тежината на скелетномускулната маса, количеството на протеини во организмот, како и одредување на базалниот метаболизам. Од сите параметри, на крај се калкулира и здравствено-физичкиот score.
  • Вториот апарат е Mora-Super, апарат со напреднат софтвер кој служи за откривање на интолеранција на одредена храна, без анализи на крвта.

После оваа опфатна дијагностика, се применува индивидуален програм на специјална исхрана со неопходна консултација на нутриционист и лекар-специјалист.

Групи на луѓе кои може да ја спроведуваат

Програмот може да го користат луѓе од сите возрасти, а особено програмот е погоден за деца, трудници, оние кои се здрави и немаат здравствени проблеми. Луѓето кои страдаат од современите болести на метаболизмот, покачени маснотии (холестерол и триглицериди), покачен шеќер – дијабет. Посебна група на луѓе се луѓето со прекумерна телесна тежина – гојазност или т.н. метаболен синдром. Практично постојат програми на исхрана за најчестите заболувања кај човекот (анемија, покачен крвен притисок – хипертензија, дијабетес итн.), како и посебни програми за спортисти, потхранети итн.

Дали досега имало кај нас ваква програма за исхрана и центри?

Програмот за хроно исхрана – д-р Гифинг, ексклузивно за прв пат во Македонија се спроведува во Центарот за внатрешни болести „Срце” во Скопје, во кој ќе бидат ангажирани високо специјализирани стручни кадри, лекари – специјалисти и нутриционисти, како и примена на врвна технологија.

Каде и кому да се обратиме?

Во Центарот за внатрешни болести „Срце“, во Скопје, на еден од телефоните (02) 3217016 и 3217018. Како и на мејлот srce@srce.com.mk или веб сајт www.srce.com.mk.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.