Џенифер Лопез е континуирано следена од папараците, па внимава секогаш да изгледа „скоцкано“ од глава до пети. 48-годишната пејачка и актерка деновиве неколкупати беше фотографирана со Алекс Родригез.
На Св. Валентин, музичката ѕвезда и поранешниот спортист беа забележани додека избираа и купуваа накит во Cartier.
За таа пригода, Лопез носеше припиен фустан кој одлично ги истакна нејзините облини. Креацијата од Naked Wardrobe чини 40 долари, а Џеј Ло ја искомбинира со чанта од Louis Vuitton и соодветни обувки.
За вечерната прослава за Денот на вљубените, Лопез го истакна својот сексапил во тесен комбинезон.
Џенифер и Алекс проследија и кошаркарски натпревар во Лос Анџелес.