Иван Наумовски си ја оствари својата најголема желба и покажа дека соништата се остваруваат.
Македонскиот оперски пејач настапи во златната сала во престижниот концертен хол „Музикферајн“ во Виена и беше пресреќен за својот голем успех.
На Instagram, талентираниот музичар напиша: „Вчера беше дефинитивно еден од оние ‘highlights’ во мојата кариера, но и во мојот живот. Застанав на сцената на златната сала во магичниот виенски Musikverein. Место каде во моите студентски денови ги гледав Кауфман, Гаранча, нашиот Симон Трпчески, како и многу други врвни изведувачи. Сума сумарум, уште еден доказ дека соништата навистина се остваруваат!“.




Иван беше испратен од сцената со голем аплауз.




Наумовски се образоваше на два универзитети во Австрија, а пред неколку години се врати во родната Македонија каде продолжи да работи како доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.