Почетна » Новости » Шоу-бизнис » По веста за разводот на Џенифер Анистон, лавина коментари за нејзино смирување со Бред Пит, таблоидите веќе ги верија

По веста за разводот на Џенифер Анистон, лавина коментари за нејзино смирување со Бред Пит, таблоидите веќе ги верија

Џенифер Анистон и Бред Пит се повторно сингл во исто време, па сосем очекувано социјалните мрежи се преплавени со коментари за обновување на нивната врска.

Откако славната актерка објави дека се разведува од Џастин Теру, многумина започнаа да навиваат за нејзино смирување со Пит, кој моментално се разведува од Анџелина Џоли и води борба за старателство над децата.

Анистон и Пит се запознаа во 1998 година, а стапија во брак во 2000 година. Пет години подоцна, холивудските ѕвезди се разделија, а за време на процесот за развод, започнаа да кружат гласини дека причината за нивната разделба е аферата на Пит со Џоли, кои тогаш го снимаа заедничкиот филм „Mr. & Mrs. Smith“.

Џенифер и Бред Mr. & Mrs. Smith

Фановите веќе започнаа да ја планираат нивната втора свадба и да коментираат дека Џенифер ќе стане маќеа на децата на Анџелина, а таблоидите ги верија и мамат читатели со лажни стории дека тие ќе се појават заедно на Оскарите за да ѝ се одмаздат на Џоли.

Списанието New Idea објави насловна на која наводно ги цитира Бред и Џенифер како велат: „Повторно сме вљубени“. Во својата измислена сторија тие тврдат: „Џен виде како сите погледи беа вперени кон неа и кон Енџи на Златен глобус и смета дека значајната ноќ во филмската индустрија (Оскар) е совршена прилика да им покаже на сите дека таа и Бред продолжуваат напред и официјално се заедно.“

Џенифер и Бред

In Touch Weekly шпекулира дека Анистон ги запознала децата на Пит кога наминала кај него дома да му остави книга. „Децата знаеја која е Џен и ја познаваат од ТВ и од фотографии од списанија, но се однесуваа кон неа како кон обична пријателка на нивниот татко. Се разбира, децата се вратија дома и ѝ кажаа на Анџелина за тоа дека ја запознаа Џенифер и како што и се очекуваше, таа полуде. Веднаш му укажа на Бред дека е бесна и на свој блисок му се довери дека Бред отишол предалеку“ - пишува во лажната сторија на таблоидот.

Џенифер и Бред Џенифер и Бред

Во своето соопштение за јавноста, Анистон посочи дека очекува вакви лажни стории и дека фановите не треба да веруваат во измислиците и гласините. „Во нормални услови, би го зачувале ова приватно, но имајќи предвид дека индустријата за озборувања не може да ѝ одолее на можноста да шпекулира и измислува, сакавме директно да ви ја кажеме вистината. Што и да е друго испечатено за нас, а не доаѓа директно од нас, е нечија измислена приказна. Пред сè, ние сме решени да ја зачуваме длабоката почит и љубовта која ја имаме еден кон друг“ – се вели во соопштението од Анистон.

„Навистина се надевам дека Џенифер Анистон ќе се смири со Бред Пит. Потоа, во 2023 година се надевам дека Анџелина Џоли ќе ѝ го украде повторно само за еднаш засекогаш да докаже кој е шефот“ - пишува една обожавателка.

Џенифер и Бред Џенифер и Бред Џенифер и Бред

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.