Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Морам да научам да живеам со него“: Селин Дион за синдромот на вкочанета личност

„Морам да научам да живеам со него“: Селин Дион за синдромот на вкочанета личност

Селин Дион сними фотосесија за францускиот „Вог“.

56-годишната музичка дива позираше во модели на врвни модни куќи како Alaïa, Saint Laurent, Christian Louboutin, Balenciaga, Jacquemus и Schiaparelli. Во интервјуто зборуваше за својата здравствена состојба, за синдромот на вкочанета личност од кој страда и за соништата за иднината.

Селин Дион Селин Дион

„Не ја победив болеста, бидејќи таа е сè уште во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе најдеме чудо, начин да ја излекуваме со научно истражување, но засега морам да научам да живеам со неа... Пет дена во неделата одам на физичка, атлетска и вокална терапија. Работам на моите прсти, моите колена, моите мускули, моето пеење, мојот глас... Морам да научам да живеам со ова сега и да престанам да се преиспитувам. На почетокот се прашував зошто ова ми се случува мене, како се случи ова, што направив погрешно, дали јас сум виновна...“

„Животот не ти дава одговори. Едноставно треба да го живееш. Ја имам оваа болест поради непознати причини. Имам два избори – или ќе тренирам како атлета и ќе работам напорно или ќе се откажам и ќе биде готово, ќе останам дома, ќе ги слушам моите песни, ќе стојам пред огледалото и ќе си ги пеам себеси. Избрав да работам со целото мое тело и целата моја душа. Сакам да бидам најдобра што можам. Мојата цел е повторно да ја видам Ајфеловата кула.“

„Знам дека ништо нема да ме запре“ – рече Селин.

Селин Дион Селин Дион

Славната музичарка, која започна да пее на 5-годишна возраст, го напушти училиштето на 15 години за да се посвети целосно на пеењето. Запрашана дали жали што немаше „нормално“ детство, Селин рече:

„Не, затоа што не знам што е нормалност. Што е нормално? Одиш на училиште, заминуваш од училиште, на сцената си и тоа е нешто друго, тоа е споделување со светот, емоција, возбуда, начин на изразување. Тоа е различен тип на училиште. Дали имав пријатели? Дали пропуштив нешто? Никогаш немав време за да го имам сето тоа. Не можам да се споредувам. Дали жалам за нешто? Не знам и не ми е гајле, бидејќи сцената, семејство, децата и моите песни ме научија сè што знам. Животот треба да се живее. Не е секогаш убав, но тука е“.

Селин Дион Селин Дион

За нејзините соништа за иднината, Дион рече:

„Мојот сон е да живеам во сегашноста. Ден за ден. Среќничка сум. Горда сум што на 55 години ме прашуваа да ја откријам тајната за убавината. Но, што е убавина? Убавина си ти, јас, она што е внатре во нас, нашите соништа, денешниот ден. Убавината е она што нè опкружува“.

Селин Дион

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11462 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.