Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Каси Вентура го роди третото дете по шокантното сведочење на судењето на бившиот Пи Диди

Каси Вентура го роди третото дете по шокантното сведочење на судењето на бившиот Пи Диди

По шокантното сведочење за физичкото малтретирање од Пи Диди, Касандра Вентура го доби најубавиот подарок.

37-годишната пејачка, позната како Каси, го роди своето трето дете. Славната музичарка донесе на свет момче, но неговото име сè уште не е познато за јавноста. Таа има уште две ќерки со сопругот Алекс Фајн.

Убавата вест одекна само две недели по нејзиното сведочење на судењето на познатиот рапер.

Каси Вентура Каси Вентура Каси Вентура Каси Вентура

Каси беше во врска со Пи Диди (Шон „Диди“ Комбс) од 2007 до 2018 година и многупати беше физички малтреетирана од него, за што приложи и докази пред судот. Каси тврди дека за време на нивната врска Комбс ѝ правел ужасни работи. Тој имал платено ескорт да ѝ уринира во устата, реедовно ја терал да биде дел од неговите забави наречени „freak offs“, а по прекинот на нивната врска, ја истепал затоа што започнала врска со друг маж.

Каси Вентура Каси Вентура

Обвинителите тврдат дека Комбс ја користел својата моќ и богатството за да манипулира со жртвите, организирајќи ги познатите „Freak Offs“, а дека неговиот тим му помагал во прикривање на злосторствата. 55-годишниот музичар и продуцент принудувал жени да учествуваат во сексуални активности за време на неговите забави кои траеле со денови додека тој ги снимал.

Пи Диди беше уапсен во септември 2024 година, месеци откако Каси го обвини за физичко малтретирање, дрогирање и принудување на секс со други мажи, а CNN објави снимка на која ја тепа.

Каси Вентура

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26246 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.