Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерката од „Grey’s Anatomy“ со фотографии покажа дека се врати во фит форма по породувањето

Актерката од „Grey’s Anatomy“ со фотографии покажа дека се врати во фит форма по породувањето

Кетрин Хајгл покажа дека нејзе ѝ биле потребни 14 месеци за повторно да се врати во форма по породувањето.

Славната актерка, која е позната по улогата во серијата „Grey’s Anatomy“ и бројни романтични филмови, сподели фотографии од своето тело за да докаже дека потребно е време и посветеност за да се збогуваш со вишокот килограми од бременоста.

Трите фотографии се направени во период од 14 месеци. Лево, Кетрин го прикажува телото еден месец по породувањето, додека фотографијата десно е направена во текот на изминатиот викенд.

„Поминаа речиси 14 месеци откако се роди Џошуа Џуниор и ми требаше толку време за навистина да се вратам во форма. Првата фотографија е направена еден месец по неговото раѓање. Втората е создадена речиси една година подоцна, додека последната слика ја направив овој викенд. Посакувам да имав повеќе фотографии направени помеѓу првата и втората за да ви го покажам мојот напредок. Во тие месеци бев зафатена со покривање на телото, а не со позирање во долна облека.“

„Ми следува одмор на плажа, нова работа за која почнувам со снимање во април и во последниве два месеци ме обземаше силна желба да се чувствувам фит, силна и секси и конечно да ги изгубам последните килограми од бременоста и да нурнам длабоко во потрага по стомачните мускули кои знаев дека се закопани некаде во тоа стомаче“ – напиша таа во описот на колажот од фотографии.

Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл

39-годишната актерка се породи на 20 декември 2016 година. Таа и нејзиниот сопруг Џош Кили имаат и две посвоени ќеркички.

Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл

Покрај улогата во „Grey’s Anatomy“, Хајгл е позната пофилмовите „The Ugly Truth“, „Life as We Know It“, „One for the Money“, „Knocked Up“ и „27 Dresses“.

Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11142 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.