Почетна » Новости » Занимливости » 30 нешта кои секоја жена треба да ги има и да ги знае пред да наполни 30

30 нешта кои секоја жена треба да ги има и да ги знае пред да наполни 30

Пред пет години списанието Glamour објави листа насловена „30 нешта кои секоја жена треба да ги поседува и кои треба да ги знае пред да наполни 30 години“. Листата составена од Памела Редмонд стана толку популарна, што сега е издадена книга која се темели на тие 30 „нешта“. Љубопитни сте?

30 роденден

До времето кога ќе наполните 30 години, вие треба да знаете...

  1. Како да се заљубите без да се изгубите себеси.
  2. Дали сакате да имате деца.
  3. Како да дадете отказ, да раскинете со маж и да се конфронтирате со пријател без да го уништите пријателството.
  4. Кога да се трудите повеќе, а кога да се откажете.
  5. Како да се бакнувате на начин кој совршено јасно пренесува што би сакале и што не би сакале да се случи наредно.
  6. Кои се имињата на државниот секретар, вашите прабаби и најдобриот шивач во градот.
  7. Како да живеете сами, иако не го сакате тоа.
  8. Каде да одите кога ви треба смирување, независно дали е тоа во кујната на вашата најдобра пријателка или на постилката за јога.
  9. Дека не можете да ја промените должината на вашите нозе, ширината на вашите колкови и вашите родители.
  10. Дека вашето детство можеби не било совршено, но е завршено.
  11. Што би направиле и што не би направиле за пари или љубов.
  12. Дека никој не поминува без последици ако пуши, пие, се дрогира или не си ги чисти забите со конец долго време.
  13. На кого можете да му верувате, на кого не можете и зошто не треба тоа да си го сфаќате лично.
  14. Да не се извинувате за нешто што не е ваша вина.
  15. Зошто велат дека животот започнува на 30.

До времето кога ќе наполните 30 години, вие треба да имате...

  1. Еден поранешен партнер на кого можете да замислите да му се вратите и еден таков што ќе ве потсетува колку далеку сте стигнале во животот.
  2. Едно пристојно парче мебел кое претходно не било поседувано од друг член од вашето семејство.
  3. Совршена комбинација облека за носење ако шефот или мажот од вашите соништа побара да се сретнете за 1 час.
  4. Чанта, куфер и чадор со кои не се срамите да бидете видени.
  5. Младост од која сте задоволни за да можете да продолжите понатаму.
  6. Доволно „сочно“ минато за со нетрпение да чекате да раскажувате за него во поодминати години.
  7. Разбирање дека всушност ќе доживеете старост.
  8. E-mail адреса, говорно сандаче и сметка на банка – и до сите нив да имате пристап само вие.
  9. Резиме кое не е ни најмалку „надуено“.
  10. Еден пријател кој секогаш знае да ве насмее и еден таков кој ве остава да поплачете.
  11. Сет шрафцигери, бормашина и црн градник од чипка.
  12. Нешто прескапо кое сте си го купиле за себе, само затоа што го заслужувате.
  13. Увереност дека го заслужувате.
  14. Режим за нега на кожата, програма за вежбање и план за справување со тие неколку нешта кои не се подобруваат по 30-тиот роденден.
  15. Добар почеток на кариера од која сте задоволни, врска од која сте задоволни и на сите други нешта кои се подобруваат со текот на животот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18914 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.