Пред пет години списанието Glamour објави листа насловена „30 нешта кои секоја жена треба да ги поседува и кои треба да ги знае пред да наполни 30 години“. Листата составена од Памела Редмонд стана толку популарна, што сега е издадена книга која се темели на тие 30 „нешта“. Љубопитни сте?
До времето кога ќе наполните 30 години, вие треба да знаете...
- Како да се заљубите без да се изгубите себеси.
 - Дали сакате да имате деца.
 - Како да дадете отказ, да раскинете со маж и да се конфронтирате со пријател без да го уништите пријателството.
 - Кога да се трудите повеќе, а кога да се откажете.
 - Како да се бакнувате на начин кој совршено јасно пренесува што би сакале и што не би сакале да се случи наредно.
 - Кои се имињата на државниот секретар, вашите прабаби и најдобриот шивач во градот.
 - Како да живеете сами, иако не го сакате тоа.
 - Каде да одите кога ви треба смирување, независно дали е тоа во кујната на вашата најдобра пријателка или на постилката за јога.
 - Дека не можете да ја промените должината на вашите нозе, ширината на вашите колкови и вашите родители.
 - Дека вашето детство можеби не било совршено, но е завршено.
 - Што би направиле и што не би направиле за пари или љубов.
 - Дека никој не поминува без последици ако пуши, пие, се дрогира или не си ги чисти забите со конец долго време.
 - На кого можете да му верувате, на кого не можете и зошто не треба тоа да си го сфаќате лично.
 - Да не се извинувате за нешто што не е ваша вина.
 - Зошто велат дека животот започнува на 30.
 
До времето кога ќе наполните 30 години, вие треба да имате...
- Еден поранешен партнер на кого можете да замислите да му се вратите и еден таков што ќе ве потсетува колку далеку сте стигнале во животот.
 - Едно пристојно парче мебел кое претходно не било поседувано од друг член од вашето семејство.
 - Совршена комбинација облека за носење ако шефот или мажот од вашите соништа побара да се сретнете за 1 час.
 - Чанта, куфер и чадор со кои не се срамите да бидете видени.
 - Младост од која сте задоволни за да можете да продолжите понатаму.
 - Доволно „сочно“ минато за со нетрпение да чекате да раскажувате за него во поодминати години.
 - Разбирање дека всушност ќе доживеете старост.
 - E-mail адреса, говорно сандаче и сметка на банка – и до сите нив да имате пристап само вие.
 - Резиме кое не е ни најмалку „надуено“.
 - Еден пријател кој секогаш знае да ве насмее и еден таков кој ве остава да поплачете.
 - Сет шрафцигери, бормашина и црн градник од чипка.
 - Нешто прескапо кое сте си го купиле за себе, само затоа што го заслужувате.
 - Увереност дека го заслужувате.
 - Режим за нега на кожата, програма за вежбање и план за справување со тие неколку нешта кои не се подобруваат по 30-тиот роденден.
 - Добар почеток на кариера од која сте задоволни, врска од која сте задоволни и на сите други нешта кои се подобруваат со текот на животот.
 
		
