Почетна » Новости » Занимливости » 40 мудрости кои секој родител треба да му ги пренесе на своето дете

40 мудрости кои секој родител треба да му ги пренесе на своето дете

Најважната задача на секој родител е да го насочи своето најмило кон вистинскиот пат низ лавиринтот наречен животот. Блогерката Ребека Перкинс одлучи да му даде несекојдневен роденденски подарок на своето највозрасно дете и состави листа со 40 мудрости. Станува збор за животни лекции кои заслужуваат да бидат прочитани во секоја фаза од животот.

Семејство
  1. Ти не си твојата работа. Ти не си сумата пари која ја имаш на банка. Ти не си материјалните нешта кои ги поседуваш.
  2. Љубовта боли. Но, подобро е да ја искусиш одошто да се затвориш во себе поради страв да не бидеш повреден.
  3. Комуникацијата и почитта се основата на секоја долгорочна врска.
  4. За врска се неопходни три нешта – страст, љубов и споделени вредности.
  5. Никогаш не се споредувај со други. Тоа е залудно потрошена енергија. Ти си уникатен и имаш твои дарови кои можеш да му ги понудиш на светот.
  6. „Не“ е комплетна реченица.
  7. Развивај и негувај пријателства. Со љубов и грижа тие можат да траат до крајот на животот. Исто така, не се плаши да ги менуваш пријателствата.
  8. Ти си доволен онаков каков што си. Совршен во твоите несовршености.
  9. Очекувај неуспеси. Неуспехот не е фатален. Научи ја лекцијата, исправи се и обиди се повторно.
  10. Грижи се за сопственото здравје – психичко, физичко и духовно.
  11. Не се жали. Одлучи што би толерирал и продолжи понатаму со животот.
  12. Постави си граници за работата, семејството и пријателствата.
  13. Малите работи се значајни. Добрите манирите ќе те однесат далеку.
  14. Биди благодарен. Секој ден набројувај ги нештата за кои си благодарен.
  15. Имај ексцентрични соништа. Ќе се изненадиш што сѐ може да ти се оствари.
  16. Никогаш не го губи својот интегритет.
  17. Јавувај им се на родителите. Тие можеби направиле грешки, но те израснале најдобро што можеле.
  18. Знај ги своите вредности. Не дозволувај некој да го наруши она што ти е важно, дури и тоа да е твојот шеф или твојот партнер.
  19. Откриј ја својата страст. Може и да пронајдеш начин за да заработуваш од тоа.
  20. Не мора сѐ да имаш смислено. Утре е нов ден.
  21. Развеселувај се сам. Диши длабоко и бавно.
  22. Слушни го својот внатрешен дијалог. Дали би му зборувал на ист начин на некој што го сакаш?
  23. Преземај ризик, имај верба. Ќе ти пораснат крилја.
  24. Помагај им на другите. Луѓето секогаш ќе паметат што си направил за нив.
  25. Не биди премногу под стрес поради донесените одлуки. Ниту една одлука не е дефинитивна.
  26. Научи се да прифаќаш комплименти. Едноставно кажи „ти благодарам“.
  27. Биди склон да покажеш дека си ранлив. Тоа е доказ за храброст.
  28. Никогаш не си сам.
  29. Простувај. Прво себеси, а потоа и на другите.
  30. Твоето однесување секогаш е прашање на избор.
  31. Смеј се! Забавувај се!
  32. Магијата се случува кога ќе излезеш од комфорната зона.
  33. Научи да се сакаш себеси сега! Станува потешко ако го оставиш тоа за кога ќе остариш.
  34. Не се загрижувај за туѓото мислење. Другите мислат за тебе многу помалку одошто си замислуваш.
  35. Следи ја својата интуиција. Твоите инстинкти го имаат одговорот. Секогаш.
  36. Среќата доаѓа однатре. Не очекувај некој друг да те направи среќен.
  37. Биди финансиски одговорен уште од почеток. Штеди 10%. Долговите не се пријатни. Приготвувај си сам ручек за на работа.
  38. Животот не е трка. Застани и помирисај ги розите.
  39. Кога ќе си затрупан со грижи, запрашај се: „Дали ова ќе биде проблем по 5 години?“
  40. Промени се случуваат. Тоа е сигурно. Научи се да се носиш со тоа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.