Почетна » Здравје » Заболувања » Д-р Марија Милановска: Краткотрајно губење на свест – Вагален синдром

Д-р Марија Милановска: Краткотрајно губење на свест – Вагален синдром

Краткотрајното губење на свест познато како вазовагална или рефлексна синкопа е состојба која се случува заради невролошки индуциран пад на артерискиот крвен притисок или екстремно успорување на срцевата акција. Непосредно пред загубата на свест се јавува потење, промени во видот и зуење во ушите. Многу ретко, во тек на синкопата може да се јават неволни движења на скелетните мускули.

Жан Митрев

Постојат неколку вида рефлексна синкопа и тоа:

  • Вазовагална. Tипично тригерирана од интензивен емоционален стрес, интензивна болка или пролонгирано стоење.
  • Ситуациона. Nастанува за време на микција, кашлање или голтање.
  • Синкопа на каротидниот синус. Настанува заради притисок на каротидниот синус во пределот на вратот.

За време на синкопа, доаѓа до неврогено успорување на срцевата работа, дилатирање на крвните садови и консекутивно снижување на артерискиот крвен притисок.

Дијагнозата на синкопата е клиничка, базирана на симптомите, а се поставува откако ќе се исклучат сите други познати причини за загуба на свест.

Знаци и симптоми

Епизодите на синкопа типично имаат тенденција да се повторуваат, најчесто во случаи кога предиспонираната личност е изложена на специфични тригери. Раните симптоми и знаци, кои се случуваат непосредно пред загубата на свест се гадење, чувство на екстремна топлина или студенило, придружени со интензивно потење, зуење во ушите, дискомфорт во пределот на срцето, конфузни мисли, промени во видот, отежнат говор и генерализиран слабост. Симптомите се интензивираат непосредно пред загубата на свест. Синкопата најчесто настанува во стоечка положба.

Причини

Рефлексната синкопа настанува како последица на дисфункција на регулаторните механизми одоговрни за контрола на срцевата работа и артерискиот крвен притисок. Успорувањето на срцевата работа и падот на крвниот притисок, резултира со намалено крвоснабдување на мозокот, што доведува до загуба на свест.

Причините за појава на вазовагална синкопа се долготрајно стоење, емоционален стрес и болка. Рефлексната синкопа настанува за време или непосредно после уринирање (микциона сикопа), во тек на кашлање, џвакање или при кревање тежок товар. Притисок на каротидниот синус во пределот на вратот, исто така доведува до синкопа.

Патофизиологија на синкопата

Без разлика на тригерот, механизмите кои доведуваат до појава на синкопа се слични речиси кај сите синкопални синдроми. Под дејство на различните тригери се активираат специфични делови од мозочното стебло кои доведуваат до активација на парасимпатичкиот, а инхибиција на симпатичкиот нервен систем. Резултат на ова се спектар на хемодинамски одговори: кардио-инхибиторен одговор, кој се одликува со пад на срцевата акција и контактилност, што води кон пад на срцевиот аутпут што е доволна причина за онесвестување. Овој одговор резултира примарно од активација на парасимпатичкиот нервен систем. Од другата страна на спектарот е вазодепресорниот одговор, предизвикан од пад на крвниот притисок, под 80/20, феномен кој се случува како последица на дилатација на крвните садови.

Жан Митрев

Дијагноза

Тилт-тест: Се заснова на промена на постурата на телото од лежечка во стоечка;

Холтер- мониторинг;

Електрофизиолошки и неврофизиолошки испитувања (енцефалографија, евоцирани потенцијали).

Третман

Промена на животните навики, адекватна физичка активност, балансиран внес на течности и сол во организмот, избегнување на специфични тригери кои доведуваат до појава на синкопа.

Индивидуите со историја на синкопа, треба да се научат како да ги препознаваат продромалните симптоми и на тој начин да избегнат повредување од падот, заземајќи безбедна позиција на седење или лежење.

Адекватно дозирање на антихипертензивните лекови исто така може да помогне.

Кај одредени пациенти со кардиоинхибиторна вазовагална синкопа, во предвид може да дојде и имплантација на перманентен пејсмејкер.

За соодветна дијагноза и третман, закажете термин на 02/3091-484

Медицина

Д-р Марија Милановска
Специјалист по неврологија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27114 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.