Погледнете го неодоливото девојче кое не може да го победи заморот и дремнува неколку пати, а по секоја мини дремка се буди со насмевка. Видеото ги освои жените на интернет и поттикна многу коментари од типот: „И јас сакам едно бебе“.
Сте се замислиле ли колку шминка користите во текот на една година? Уметничкото дуо Лернет и Сандер со своето ново видео им покажа на жените како би изгледало кога би нанеле на себе 365 слоја шминка, т.е. шминка за цела година.
Малиот Трент беше во посета на зоолошка градина кога го „улови“ вниманието на гладна и љубопитна лавица. Лавицата Енџи се обиде преку дебелото стакло да го лапне малото главче на Трент и тоа резултираше со вирално видео кое досега има скоро 2 милиони прегледи на YouTube. Погледнете го тука.
Музика што може да ве наежи, чуден концепт и морничави кадри. Ова дефинитивно е најдепресивната, најчудната и најгрозната реклама за отстранување на влакна. Погледнете ја овде.
Хумористичната песна „Nice Guys“ и видео спотовите за неа привлекоа огромно внимание на YouTube и само за неколку дена собраа повеќе од 7 милиони прегледувања. Погледнете ги.
Еве која е разликата помеѓу мајка и татко на спортски натпревар: МАЈКАТА успева да го фати бејзбол топчето и да го задржи своето дете, а ТАТКОТО... погледнете сами.
Краткото видео во кое мачка го гушка своето мало маче додека спие стана голем интернет хит. За само 5 дена видеото е прегледано преку 15 милиони пати на Youtube и доби над 50.000 коментари. Погледнете го тука.
Тешко кој може да најде соодветни движења за танцување на дабстеп. Но, овие три танчери не само што знаат како да танцуваат на дабстеп, туку се и феноменални. Скоро сите нивни движења изгледаат како нереални. Погледнете го видеото.
Видеото со наслов „Luck“ е емотивен краток филм кој завршува со предлог за брак. Сметајте дека сте предупредени дека може да завршите со насолзени очи.
Слатко упорно кученце е возбудено поради доаѓањето на новороденчето и ќе направи сè за да го види, дури и ако треба ќе скока 100 пати за да го ѕирне на креветот. Погледнете го забавното видео.