Касандра е една од многуте девојки кои на YouTube објавуваат мејкап туторијали, но ова е можеби најдоброто нејзино видео кое со сигурност ќе ви го привлече вниманието, особено ако имате акни. Погледнете како таа буквално го трансформира изгледот на кожата на лицето.
Запознајте го Оскар, малечко слатко маче кое било родено слепо. Но, благодарение на неговите сопственици, Оскар има среќен живот. Погледнете го видеото од првата игра со топче на Оскар, кое ќе ви го стопли срцето.
Видео кое прикажува злобно смеење на мало девојче стана вистински YouTube хит. Само една недела по објавувањето, видеото има скоро 4 милиони прегледувања. Погледнете го тука.
Неочекуваните предлози за брак секогаш се интересни, но понекогаш предизвикуваат уште понеочекувани реакции. Кога момчето на 20-годишната Британи Хилард клекна пред неа на едно колено со прстен во рацете, таа во шок заврши на земја. Погледнете го видеото кое сепак има среќен крај.
Швајцарската организација „Pro Infirmis“, која им помага на лицата со посебни потреби, создаде трогателно видео коешто сигурно ќе ве натера да се замислите за општеството во кое живееме и предрасудите на кои им робуваме. Погледнете го видеото тука.
Пингвин стана интернет сензација откако беше фатен на камера како краде камења од својот сосед пингвин за да може да изгради подобро гнездо и да привлече женка. Погледнете го интересното видео.
Посетата на Дизниленд е забавна авантура, но за Џамин и Валери е доживување на коешто ќе се сеќаваат засекогаш. Погледнете зошто во емотивното видео кое стана интернет хит.
Имате 4 минути слободно време? Погледнете како се менувал изгледот на жената од пештерско време до денес. Интересно е да се видат најтипичните женски фризури низ годините, од кои се гледа како се менувале стандардите за убавина.
Ова позитивно видео е составено од она што го кажува и самиот наслов – насмевки. Целосно е направено од клипчиња кои авторите ги пронашле на YouTube, а целта е да ви го разубави денот и на вашето лице да се појави најискрената насмевка. Насмевка ве молам!
Жените сонуваат за поголем волумен на косата, но ретки се оние кои би ја пробале „бас-техниката“ за бујна коса. Во видеото можете да видите каков е ефектот на еден ваков третман со помош на бас моќен 40.000 вати.
Во видеото кое стана интернет хит, две мали деца започнуваат жестока расправија затоа што девојчето сака да се омажи за момчето, а момчето воопшто не сака да слушне за тоа. Погледнете го забавното видео тука.