Викторија Лоба шармираше во елегантна бела комбинација на одбележувањето на 90 години од постоењето на „Алкалоид“.
За јубилејниот настан на македонската компанија, кој се одржа во Скопје, русокосата пејачка избра впечатлив корсет-топ во комбинација со широки бели панталони, а изгледот го надополни со нежни детали и впечатлив накит.
Лоба сподели фотографии и видеа од вечерта, упатувајќи честитки за големиот јубилеј на „Алкалоид“.
Настанот се одржа во ресторанот „Парк“, а Лоба запеа песна од Тоше Проески.
Погледнете го емотивното видео на компанијата снимено за овој јубилеј: