„Поглавја се затвораат, но навиките остануваат“: Носталгично видео на Алкалоид кое ќе ви разбуди спомени и емоции
Девојче љубопитно го набљудува татко си додека се подготвува за на работа, сопруга безгласно се погрижува за главоболката на сопругот, мајка и ќерка релаксирано пијат чај... Навидум обични мигови од семејното секојдневие, кои со текот на годините добиваат поинаква вредност и прераснуваат во едни од најживите и најдрагоцените спомени, се во сржта на новото емотивно видео на Алкалоид.
Кадрите се менуваат, времето тече забрзано, а огледалото останува нем сведок на промените. Девојчето расте во младата жена, со свои ритуали и свое секојдневие, во кое речиси незабележливо се пресликале дел од навиките со кои растела. Наскоро животот ѝ носи голема улога и станува мајка, а малите моменти кои некогаш ги создавала со своите родители сега добиваат ново продолжение во семејството што самата го создава.
Токму преку носталгично патување низ времето Алкалоид нè воведува во новата јубилејна приказна, создадена по повод 90 години постоење.
Видеото не се задржува само на една животна етапа и следи цела генерациска нишка. Од детството и сликата на родителите што ја носиме со себе, преку сопственото созревање и создавањето семејство, па сè до годините кога заедно ги отвораме старите албуми и се навраќаме на сè што сме проживеале.
„Поглавја се затвораат, но навиките остануваат“ е една од пораките кои ја водат приказната.
Видеото е создадено во соработка со More Magnets d.o.o., продукциската куќа на Филип Филковиќ-Филац од Хрватска, а оригиналната приказна ги поврзува минатото и сегашноста низ препознатливи семејни ситуации.
„Времињата се менуваат. Растеме, создаваме свои семејства, градиме нови спомени. Но некои нешта остануваат – малите гестови на грижа, блискоста и довербата што ја пренесуваме понатаму“, порачуваат од компанијата.
И токму последните кадри ја заокружуваат таа мисла: луѓето на фотографиите се менуваат, семејниот албум станува сè побогат, но некои мали нешта продолжуваат да патуваат од една генерација кон следната.