На вчерашното доделување на наградите Златен глобус, „The Social Network“ доминираше со 4 освоени награди, меѓу кои за најдобар филм во категоријата драма и за најдобра режија. Натали Портман и Колин Фирт ги освоија престижните награди за најдобра актерка и најдобар актер во драма.