• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Доделени наградите „Златен глобус 2010“

18 јануари 2010, 09:35
  • cподели

Вчера вечерта се одржа 67-то по ред доделување на наградите „Златен глобус“, кои ги доделува асоцијацијата на странски новинари акредитирани во Холивуд.

Дождот кој се истури над Лос Анџелес воопшто не им попречи на славните лица на Холивуд да блеснат со целиот свој сјај на црвениот тепих.

А на свечената церемонија, двоен победник излезе научно-фантастичниот филм Аватар, кој што беше прогласен за најдобар филм во категоријата драма, а славниот Џејмс Камерон, за истиот филм беше прогласен за најдобар режисер.

Роберт Дауни ЏуниорРоберт Дауни Џуниор го освои признанието најдобар актер во категоријата комедија или мјузикл за улогата во Sherlock Holmes. Сандра БулокСандра Булок ја доби наградата за најдобра актерка во категоријата драма, за улогата во филмот The Blind Side.

За најдобар филм во категоријата мјузикл или комедија беше признат The Hangover, а Мерил Стрип (Julie & Julia) и Роберт Дауни Џуниор (Sherlock Holmes) беа прогласени за најдобра актерка и најдобар актер во истата категорија.

Актерката Сандра Булок, која беше облечена во прекрасен раскошен виолетов фустан, ја доби наградата за најдобра актерка во категоријата драма за улогата во филмот The Blind Side, а Џеф Бриџис го освои признанието најдобар актер во истата категорија за филмот Crazy Heart.

Мараја КериМараја Кери се појави со убедливо најдлабокото деколте на церемонијата. Мајкл ХолМајкл Хол ја освои наградата за најдобра машка улога во телевизиска драма за серијата Декстер.

Телевизиската серија Mad Men беше прогласена за најдобра во категоријата драма, а Glee за најдобра серија во категоријата мјузикл или комедија.

Актерот Мајкл Хол, кој во моментов се лекува од рак, ја освои наградата за најдобра машка улога во телевизиска драма за серијата „Декстер“.

Престижната награда „Cecile B DeMille“ за животно дело ја доби американскиот режисер Мартин Скорсезе, а наградата за најдобар странски филм ја зеде германскиот филм The White Ribbon.

Tags
Златен глобус

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.