Холивуд го покажа својот гламур. Славните лица од светот на филмската индустрија вчера зачекорија по црвениот тепих пред почетокот на манифестацијата за доделување на наградите „Златен глобус“.
Кога ќе се земе во предвид дека ова е првиот свечен настан годинава, очигледно е дека филмските ѕвезди сакаа да остават силен впечаток. Префинети тоалети изработени со внимание до најмал детаљ, скап накит и гламурозни фризури можеа да се видат во стилот на популарните гости.
Некои од нив играа безбедно при изборот на облека и се појавија во елегантни, но невпечатливи тоалети, а други пак блеснаа покажувајќи го својот беспрекорен вкус за свечено облекување.
Анџелина Џоли и Софија Вергара привлекоа најголемо внимание, но не помалку воздишки измамија и Шарлиз Терон, Џесика Алба и Кејт Бекинсејл.
Ваша оценка?







































