На црвениот тепих пред доделувањето на наградите „Златен глобус“ зачекорија многу холивудски дами. Нивниот префинет изглед е еден вид најава за оскаровската модна парада која ќе ја видиме наредниот месец.
Гламур и елеганција во форма на долги фустани зрачеше од свечената манифестација. Најзастапени беа високите шлицови, волуменозните здолништа, силуетите на сирена и длабоките деколтеа.
Погледнете што носеа ѕвездите и оценете го нивниот изглед.





























































