Бројни слатки изненадувања по промотивни цени и дополнителни награди за најсреќните купувачи, ќе им понуди Веро на своите потрошувачи во рамките на традиционалниот настан „Чоколенд“ што ќе се одржува во периодот од 8 до 17 декември.
Машко-женски дуели во готвење со познати личности, многу забавни моменти и смеа, но и кулинарски совети од реномирани готвачи, ќе бидат дел од големото Веро шоу за готвење кое се организира по повод 20-годишнината на Веро.
Бетмен, Спајдермен, Капетан Америка, Маша и Медо денеска ги изненадија дечињата кои престојуваат на Клиниката за детски болести во Скопје за да им го честитаат Коледе.
Повеќе од сто дечиња на Дедо Мраз му ги кажаа своите новогодишни барања и желбите кои тој треба да им ги исполни, влегувајќи во „Куќичката на новогодишните желби“ која специјално за нив беше поставена во Веро центар.
Професионални готвачи од Италија изминатиот викенд во Веро за потрошувачите приготвуваа храна според традиционални италијански рецепти, која потоа можеше да се дегустира.