• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Се отвора првиот ресторан Гудис во Веро Центарот

14 јануари 2014, 16:39
  • cподели

Овој петок официјално ќе започне со работа првиот ресторан на Гудис во Веро Центарот, со што скопјани ќе ја имаат уникатната можност први да го посетат реномираниот ресторан за брза храна и да уживаат во оригиналните и префинети вкусови од овој бренд. Ова е првиот ресторан што се отвора во Скопје од ланецот на познатите грчки ресторани за брза храна, за кој франшизата ја има Веро („Веропулос“ ДООЕЛ Скопје).

Гудис

„Огромно задоволство ни претставува фактот што го отвораме првиот Гудис и со тоа полека се движиме кон остварување на нашата главна цел за оваа година, а тоа е забрзан пробив на странските пазари. Среќни сме што имаме можност на скопјани да им понудиме ново место во мапата на ресторани, место со вкусна и деликатесна храна, да ги понудиме уникатните вредности на грчката кујна, квалитетна и брза услуга од нашите вработени, разновидна храна подготвена според највисоките стандарди за квалитет, со специфичен медитерански вкус. Задоволни и насмеани потрошувачи се нашиот императив и ќе се потрудиме од овде да не излезе ниту еден незадоволен потрошувач”- изјави Костас Теодосијадис, генерален директор на Веро.

Гудис

Гудис ќе понуди особено интересна храна на своето мени, строга контрола на квалитетот и примена на најсофистицирани заштитни мерки. Приказната за Гудис почна во 1975 година во Солун со воведување целосно нов концепт во бизнисот со брза храна. Од самиот старт Гудис го носи потписот на грчката оригиналност преку рецептите креирани од страсните грчки кувари, посветени на вкусот и квалитетот. Разновидност, грижа и љубовта за брендот се нивните клучни елементи за успех кои им носат 500 000 потрошувачи, секојдневно.

До денес важи за еден од водечките синџири за брза храна во Грција, со над 130 ресторани во Грција, два на Кипар и еден во Тирана. Главна цел на компанијата во моментов е проширувањето на странскиот и грчкиот пазар, при што е планирано да започнат со работа дури 22 ресторана во повеќе земји.

Гудис во Веро Центарот ќе започне со работа од 17 јануари.

Tags
Веро
Гудис

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.