• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Над 60.000 посетители во Веро центар за време на „Деновите на Италија“

30 ноември 2016, 10:48
  • cподели

Професионални готвачи од Италија изминатиот викенд во Веро за потрошувачите приготвуваа храна според традиционални италијански рецепти, која потоа можеше да се дегустира.

Повеќе од 60.000 посетители на „Веро“ изминатиов викенд уживаа во италијански специјалитети, најквалитетно еспресо, пармезан, моцарела и други оригинални прехранбени производи од Италија во рамките наманифестацијата „Денови на Италија“ што се одржуваше во Веро центар во Скопје.

Компанијата Веро специјално за овој настан донесе професионални готвачи од Италија кои на посетителите на манифестацијата три дена им ги откриваа тајните на италијанската кујна. За потрошувачите на „Веро“ готвачите приготвуваа различни видови паста, сосови, пици и други видови храна карактеристични за Италија, која потоа присутните можеа да ја пробаат. Додека готвеа, готвачите споделуваа традиционални италијански рецепти и различни трикови за нивно приготвување.

Денови на Италија во Веро центар

Освен што пробаа различни италијански специјалитети, посетителите на „Денови на Италија“ имаа можност да дегустираат специфични сирења од различни региони на Апенинскиот Полуостров, односно различни видови пармезан, горгонзола, моцарела, полутврдо козјо сирење, свежо сирење за мачкање и слично.

- Во Македонија владее голем интерес за италијанската кујна, што се докажапреку големата посетеност на манифестацијата „Денови на Италија“, но и преку огромниот интерес на потрошувачите кои купуваа италијански производи во Веро маркетите. Нашата цел е да ја приближиме интернационалната кујна до македонските потрошувачи на многу непосреден начин. Токму поради тоа обезбедивме професионални готвачи од Италија кои приготвуваа италијански рецепти на традиционален и оригинален начин. Специјалитетите и нивната презентација беа едноставни за да може лесно да ги приготви секој љубител на оваа храна – велат од менаџментот на „Веро“.

Денови на Италија во Веро центар Денови на Италија во Веро центар

Според проценките на менаџментот, посетата на Веро центар за време на одржувањето на „Денови на Италија“ била зголемена за околу 35% споредено со другите денови кога не се одржува некаков настан. На секој ден од одржувањето на манифестацијата имало над 20.000 посетители дневно.

Маркетите на „Веро“ изобилуваат со значително голем број ексклузивни италијански производи кои им се достапни на потрошувачите по прифатливи цени. Годинава во „Веро“ потрошувачите може да се снабдат со оригиналното италијанско еспресо од брендот „бариста“, како и со свежо приготвена паста во секое време. Во маркетите може да се набават и познатите италијански панцероти од брендот „Soavegel “ и оригинална италијанска пица. За љубителите на млечните производи, меѓу другото, достапни се различни видови горгонзола, пармезан, моцарела, свежо сирење за мачкање и полутврдо козјо сирење „ла капрела“, како и надалеку прочуената италијанска пршута. Сите што сакаат италијански десерти ќе се воодушеват од тартот со кајсии, колачот со јогирт, браунис “дел касале гечеле“, како и од прочуениот сладолед од брендот „тuttogelo“.

Денови на Италија во Веро центар

- Изминативе години „Веро“ на македонскиот пазар се профилираше како бренд кој се гордее со своето огромно портфолио на различни производи. Организирањето на „Деновите на Италија“ е продолжение кон остварувањето на таа мисија. Постојано се трудиме да ги изненадиме и наградиме нашите верни потрошувачи со најквалитетни производи, така што и во празничниот период што следи ќе им го обезбедиме најдоброто – велат од менаџментот на „Веро“.

Tags
Веро

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.