• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Големо Веро шоу: Готвење, забава и кулинарски совети

4 октомври 2017, 10:43
  • cподели

Машко-женски дуели во готвење со познати личности, многу забавни моменти и смеа, но и кулинарски совети од реномирани готвачи, ќе бидат дел од големото Веро шоу за готвење кое се организира по повод 20-годишнината на Веро. Организацијата на шоуто е големо финале на едномесечната прослава на дводеценискиот јубилеј на Веро, во која компанијата ги награди своите лојални потрошувачи за долгогодишната доверба со специјални попусти, акции и најконкурентни цени.

Шоуто за готвење ќе биде вистински спектакл што ќе се одржува во петок, сабота и недела (од 6 до 8 октомври) во Веро центар, каде ќе биде поставена специјално направена кујна за ова шоу. Во него ќе учествуваат шест познати актери, пејачи и водители од земјава, помогнати од реномирани готвачи од рестораните „Пелистер“, „Томче Софка“ и „Барбакан“. Колку добро се снаоѓаат во кујната ќе покажат актерките Весна Петрушевска и Тања Кочовска, водителите Лила Стојановска и Жаре Бербер и музичарите Петар Младеновски од Суперхикс и Ѓоко Танески.

Веро шоу

Во секој од трите денови на шоуто ќе има двајца натпреварувачи кои ќе треба да приготват конкретен зададен рецепт со производи од Веро маркетот. Рецептот на денот секој ден ќе го предлага по еден од трите ресторани, а нивните готвачи ќе бидат дел и од стручното жири кое ќе ги оценува приготвените рецепти и ќе го прогласува победникот на денот.

Секој што сака да биде дел од ова шоу за готвење и сака да го следи во живо може да дојде во Веро центар. На првиот ден од шоуто, во петок (6 октомври) од 17 до 19 часот, ќе се натпреваруваат Весна Петрушевска и Пеце од Суперхикс кои ќе готват рецепт предложен од ресторанот „Барбакан“. Вториот дуел ќе биде меѓу Лила Стојановска и Жаре Бербер во сабота (7 октомври) од 12 до 14 часот со рецепт на ресторанот „Пелистер“. На последниот ден во недела (8 октомври) ќе учествуваат Тања Кочовска и Ѓоко Танески кои од 12 до 14 часот ќе готват рецепт предложен од ресторанот „Томче Софка“. Веро шоуто за готвење ќе може да се следи и преку фејсбук страницата на Веро каде ќе има неколку директни вклучувања.

Веро шоу

- Роденденот на Веро сакаме да го прославиме заедно со нашите партнери и добавувачи со кои соработуваме во изминатите години, како и со лојалните потрошувачи без кои денешниот успех немаше да биде комплетен. Затоа решивме роденденската прослава да ја одбележиме со одлични понуди за потрошувачите, но и со големо шоу каде тие ќе поминат квалитетно време во Веро заедно со целото семејство. Горди сме на нашиот тим што успеа сето ова да го реализира – велат од одделот за маркетинг на Веро.

Веро шоу

Веро годинава одбележува 20 години од отворањето на првиот маркет во земјава. Оттогаш до денес компанијата се профилираше во еден од најуспешните продажни синџири во трговијата на мало, со мрежа од 12 маркети во три градови во Македонија. Менаџментот на „Веро“ прославата на јубилејот ја посветува на своите лојални потрошувачи кои во голема мера се заслужни за успешното работење на компанијата во изминатите 20 години.

Tags
Веро
Vero

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.