• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Чоколадна бајка и слатки награди за потрошувачите на Веро

6 декември 2017, 11:30
  • cподели

Бројни слатки изненадувања по промотивни цени и дополнителни награди за најсреќните купувачи, ќе им понуди Веро на своите потрошувачи во рамките на традиционалниот настан „Чоколенд“ што ќе се одржува во периодот од 8 до 17 декември.

Во овој период, потрошувачите во сите Веро маркети ќе бидат дел од вистинска чоколадна бајка. Освен со промотивни цени на нивните омилени слатки производи, Веро ќе ги награди и со 300 ваучери во вредност од по 1.000 денари. Овие ваучери ќе може да ги искористат за да пазаруваат од специјално означените производи од слатките рафтови до 31 декември. На овие рафтови ќе бидат изложени чоколади, вафли, кремови, чоколадни бонбони, пралини и бројни други слатки задоволства од најреномирани домашни и странски производители кои ќе се продаваат по промотивни цени креирани специјано за потрошувачите на Веро.

Vero

За да учествуваат во големата наградна игра во рамките на „Чоколенд“, потрошувачите треба да купат производи од означените слатки рафтови во вредност од над 200 денари и ќе добијат купон за учество. Купоните пополнети со личните податоци на учесникот се оставаат во специјални кутии поставени во маркетите, а имињата на најсреќните добитници ќе бидат објавени на Фејсбук-страницата @VEROmarketi на 19 декември.

„Чоколенд“ е традиционална предновогодишна манифестација која Веро ја организира повеќе години наназад, при што ги промовира најпознатите брендови на чоколади и слатки од домашни и странски производители, а истовремено обезбедува промотивни цени за своите потрошувачи. Интересот за овие промоции од година во година е сѐ поголем.

- „Чоколенд“ е манифестација која во Веро традиционално е вовед во новогодишната магија на слатките задоволства. Досегашното искуство ни покажа дека огромен дел од нашите потрошувачи уживаат во слатките вкусови и тоа не само децата, туку и возрасните. Затоа во рамките на „Чоколенд“ за нашите потрошувачи обезбедуваме најквалитетни чоколади и слатки по намалени промотивни цени, но и се обидуваме да ги израдуваме со награди кои дополнително ќе им го разубават претпразничниот период - велат од маркетинг тимот на Веро.

Комерцијален текст

Tags
Vero
Веро

Најнови

  • Дами во црно: Каролина Гочева во шоуто на Цеца

    Tue, 02/24/2026 - 17:46
  • Лили Колинс и Одри Хепберн

    Лили Колинс ќе ја оживее незаборавната Одри Хепберн во филм за снимањето на „Појадок кај Тифани“

    Tue, 02/24/2026 - 16:45
  • Бред Пит со саканата Инес де Рамон пристигнаа во Грција

    Tue, 02/24/2026 - 14:42
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.