• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Стилски сродни души: Модната романса на Живанши и Одри Хепберн

13 март 2018, 13:20
  • cподели

Вечната стилска романса на генијалниот дизајнер Убер де Живанши и неговата харизматична муза Одри Хепберн има специјално место во модната и филмската историја.

Одри и Живанши Одри и Живанши

Нивната приказна започна со снимањето на „Sabrina“ во 1953 година, кога Одри инсистирала нејзината облека за филмот да биде дизајнирана од Живанши. Присетувајќи се на нивната прва средба, Живанши има изјавено: „Мислам дека претходно таа немаше видено висока мода. Дојде во маичка со риги и панталони и проба неколку примероци. Јас бев зафатен со подготовките за следната колекција и ѝ реков дека не можам да прифатам, но таа беше упорна. Ме покани на вечера, што беше мошне необично за жена во тоа време и на таа вечера јас сфатив дека таа е ангел.“

„Поради неа имав можност да го променам изгледот на холивудските икони, а таа бараше во нејзините договори да стои дека јас ќе ги дизајнирам нејзините алишта. Тоа беа први договори од таков вид“ - рекол тој пред две години.

Одри и ЖиваншиИ двајцата беа во нивните 20-ти години кога се запознаа Одри и ЖиваншиОдри во фустан дизајниран од Живанши за „Sabrina“ Одри и Живанши Одри и Живанши

Во тие моменти се родило не само нераскинливо деловно партнерство, туку и пријателство кое траеше до нејзината смрт. По „Sabrina“, продолжија да се нижат филмските проекти на кои соработуваа.

Одри и ЖиваншиОдри носеше креација на Живанши и кога примаше Оскар за Најдобра актерка за „Roman Holiday“ (1954) Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и ЖиваншиХоливудската икона во креација од Живанши за „Funny Face“ (1957) Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и ЖиваншиОдри како заштитно лице на парфемот L’Interdit на Живанши (1958)

Нивната соработка резултираше со раѓањето на иконското „мало црно фустанче“. За ликот на Холи Голајтли во „Breakfast at Tiffany's“, славниот дизајнер го креираше ултра популарниот црн фустан.

Одри и ЖиваншиОдри во оригиналниот мал црн фустан креиран од Живанши (1961) Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и ЖиваншиОдри во креација од Живанши за фотосесија за Вог (1963) Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и ЖиваншиВо фустан од чипка и складна маска дизајнирани од Живанши за филмот How to Steal a Million (1966) Одри и Живанши Одри и Живанши

Живанши беше до Хепберн до самиот крај. Кога нејзиниот живот згаснуваше како последица на рак, нејзината желба беше да ги помине последните денови во Швајцарија. Бидејќи не можеше да лета со комерцијален авион, Живанши организира превоз со приватен авион. Славната актерка го помина последниот Божиќ со семејството и пријатели, меѓу кои беше и Живанши, пред да почине на 20 јануари 1993 година.

Пред смртта, Хепберн му подарила сино палто и му рекла: „Кога си тажен, носи го ова и ќе ти даде храброст“. „Од Женева до Париз липав во палтото кое таа ми го даде“ - изјавил тој.

Вчера светот го обиколи тажната вест за смртта на Живанши.

Одри и ЖиваншиСлавното дуо во 1978 година Одри и ЖиваншиНа прошетка во Париз (1982) Одри и Живанши Одри и ЖиваншиОдри со Живанши во негова креација (1988) Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и ЖиваншиОдри и Живанши на бал во Њујорк (1991) Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и Живанши Одри и ЖиваншиВо неговото ателје во Париз (1991)
Tags
Убер де Живанши
Живанши
Одри Хепберн

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.