Модниот свет тагува за смртта на Убер де Живанши, омилениот дизајнер на Одри Хепберн, кој е најпознат по креирањето на иконското „мало црно фустанче“ коешто таа го носеше во „Breakfast at Tiffany's“.
Славниот основач на модната куќа Givenchy издиша за последен пат на 91-годишна возраст.
 
 Одри со Живанши
Одри со Живанши
 Одри во фустан од Живанши прими Оскар за Најдобра актерка во 1954 година
Одри во фустан од Живанши прими Оскар за Најдобра актерка во 1954 година
Во соопштението од модниот бренд, тој е опишан како „џентлмен кој симболизираше париски шик и елеганција повеќе од половина век“.
 
 
 
 Одри во фустан од Живанши за филмот „Funny Face“
Одри во фустан од Живанши за филмот „Funny Face“
Телентираниот креатор се пензионира во 1995 година, а неговото дизајнерско столче го наследија Џон Галијано, Александар МекКвин и Џулиен Мекдоналд. Од 2005 до минатата година, креативен директор на Givenchy беше Рикардо Тиши, кој неодамна и официјално го презеде кормилото на брендот Burberry. Моментално Клер Вејт Келер е задолжена за продолжување на приказната на Givenchy.
 
 
 
 Одри со Живанши во 1988 година
Одри со Живанши во 1988 година
 
		 

 
 
 
 
